17 Декември, 2025
0.0698

Ципрас: Германија да плати воена отштета

Објавено во: Свет 08 Февруари, 2015 22:57

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва изјавил дека неговата влада ќе ги одржи „сите свои ветувања“ од предизборната кампања.

Тој додал дека Грција „ќе го почитува својот долг“ што ќе успее благодарение на „транзицискиот план“ кој го бара од европските партнери, а рекол и дека од Германија бара обештетување за Втората светска војна.

Меѓу првите мерки, Ципрас го најави законот за „повторно воспоставување“ на укинатите државни РТВ и ЕРТ, затворени во јуни 2013 година.

„Непоколебливата одлука на Владата е да ги почитува своите ветувања“ од предизборната кампања, рекол Ципрас во програмскиот говор во Собранието на Грција, „тоа е прашање на чест и почит“.

Тој уверува дека „Грција сака да го почитува својот долг“, и дека ги „повикал партнерите“ на својата земја да „дојдат на преговарачка маса за да разговараат за начинот тоа да биде одржливо“.

Ципрас повторил дека неговата влада во која се неговата партија на радикална левица Сириза и националистичката десничарска партија на Независни Грци, „не сакаат продолжување на програмот на помош, туку транзициски план“, во кој ќе бидат сите нејзини планови.

Од сега, како е кажано, „Грција ги поднесува предлозите, и повеќе нема да прима налози преку електронска пошта“, рекол тој, поздравен со аплауз.

Програмот на кредитна помош на Грција истекува на 28 февруари. Уште треба да се преговара за последната транша од 7,2 милијарди евра, но новата влада не сака продолжување на тој програм туку ги повлекува мерките на штедење. Државниот долг на Грција е поголем од 320 милијарди евра што е 174 одсто од нејзиниот БДП.

Ципрас во говорот укажал и на „историската обврска“ дека од Германија бара обештетување за Втората светска војна, иако Берлин одамна кажа „НЕ“.

„Морална е обврската кон нашиот народ, историја и кон сите европски народи кои се бореа и крвареа против нацизмот, историска е обврската да се бара од Германија воена репарација и враќање на принудниот заем“ кој нацистите го земаа од окупирана Грција, а никогаш не го вратија“, рекол Ципрас.

Сириза пред изборите најавила дека од Германија ќе бара обештетување од 162 милијарди евра што е еднакво на износот на половина од актуелниот долг на грчката држава кон странските доверители.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“