Ципрас: Грција беше користена како експеримент на штедење
Објавено во: Балкан 08 Јули, 2015 11:50
Мојата земја беше користена како експеримент на економиите. Експериментот, мора да признаеме пропадна. Ова го изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас, за време на говорот во Европскиот парламент (ЕП).
Според него грчките влади во текот на многу години ги создале проблемите на државата. Тие им помогнале за зголемување на корупцијата и продлабочување на врските меѓу политички и економски елити, смета Ципрас, додавајќи дека не ги обвинува странците за тоа.
Грчкиот премиер изјавил пред европратениците дека ќе претстави детали на предлогот од страна на Грција во следните 2-3 дена. Референдумот во Грција ми даде мандат да најдам социјално и економски одржливо решение за да се заврши кризата, изјавил Ципрас. „Треба да можеме да ги исполниме приоритетите на нашата влада“, додал тој.
Ципрас истакнал дека Атина не сака да купува врски со Европа.
„Изборот кој го направи грчкиот народ на референдумот не е избор во корист на кинење на врските со Европа“, изјавил грчкиот премиер и ги повика сите страни да спречат една „поделена Европа“.
Според премиерот на Грција и Европа се наоѓа на крстопат.
„Она што ние сега го нарекуваме грчка криза е само неспособноста на еврозоната да најде решение за должничката криза. Тоа не е грчки проблем, туку европски, а европските проблеми имаат потреба од европско решение“.
„Мора да ја ставиме на масата програма за раст. Мораме да најдеме решенија за вистинските проблеми, колку и да е тешко тоа“, додал грчкиот премиер.
Неспособноста да склучиме договор може да доведе до банкрот на Грција и банкрот на банкарскиот систем. Сите ќе изгубиме, изјавил претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Според него остануваат само 4 дена за договор со Атина.
Претходно денеска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја бранеше одлуката оваа недела да биде свикана средба на лидерите на сите земји од ЕУ во врска со грчката криза.
„Ситуацијата во Грција влијае врз Бугарија, Романија и други земји. Би било неправедно оние кои не се во еврозоната, да бидат исклучени од разговорите“, изјавил Јункер.
Тој прецизирал дека за време на средбата на лидерите од еврозоната во вторникот вечерта, 7 јули, позициите на грчкиот премиер Алексис Ципрас се најдоа ослабени поради свиканиот од него референдум на кој грчките граѓани ги отфрлија предлозите на кредиторите.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




