16 Декември, 2025
0.0376

Ципрас и Меркел – 7 часа разговори без резултат

Објавено во: Балкан 24 Март, 2015 22:40

Добивај вести на Viber

Седум часа траела првата официјалната средба на грчкиот премиер Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Двајцата разговарале до полноќ, но не ги промениле своите ставови по начинот за излез од грчката финансиска криза.

Главната цел на средбата е постигната - да се постави нов тон во една напната врска, соопштиле соговорниците и на двете страни. И двајцата лидери зборувале за својата посветеност на еврозоната и за „чувството на доверба“.

„Сакаме Грција да биде економски силна, сакаме да расте и пред се да ја надминат високата невработеност“, изјавила Меркел по средбата. Таа коментирала дека како една од 19-те земји во еврозоната Германија не е во позиција да одлучува дали грчката програма за реформи е соодветна или не. Затоа е воведена институционална рамка, која ќе го процени тоа, посочи Меркел.

На овој начин таа му возвратила на барањето на Ципрас Германија да влијае на Тројката во преговорите со Грција.

Меркел не ја промени својата позиција дека новата грчка влада треба да продолжи со реформите ако сака финансиска помош. Дотогаш, изјавила Меркел, нема да се преземат никакви нови обврски.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството