19 Декември, 2025
0.0390

Ципрас отстапува, сака договор со кредиторите

Објавено во: Балкан, Економија 01 Јули, 2015 12:34

Добивај вести на Viber

Премиерот на Грција Алексис Ципрас ќе ги прифати  последните предлози на кредиторите за продолжување на спасувачката програма со грсти и ситни промени.

Ова беше јасно од писмо на грчкиот премиер до кредиторите што е испратено вчера вечерта, објавија „Фајненшл тајмс“.

Во него се вклучени детали во врска со вчерашното изненадувачко барање на Грција да се прошири истечената втора меѓународна спасувачка програма и за доделување на нови 29,1 милијарди евра помош, забележува Питер Шпигел од авторитетното издание.

Писмото, кое е од две страници е испратено до лидерите на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка. Иако спасувачката програма истече ноќеска и тоа значи дека нејзино продолжувањето не е на масата за преговори, новото писмо на Ципрас може да послужи како база за нов договор со кредиторите во наредните денови.

Во писмото на Ципрас се вели дека Атина ќе ги прифати сите реформи во однос на даночниот систем, со исклучок на една: специјална 30-процентна попуст за грчките острови, бидејќи многу од нив се оддалечени и тешко достапни.

Во однос на спорната реформа Ципрас моли за промените за укинување на пензиската возраст до 67 години до 2022 година за да влезат во сила од октомври, а не веднаш како што кредиторите инсистираат. Исто инсистира специјалната „солидарна субвенција“ за најсиромашните пензионери, кој прифаќаат да биде прекината од декември 2019 година, да биде запрена побавно.

Потсетуваме вчера Грција стана првата развиена држава, која влезе во краток список со земјите кои паднале во неликвидност пред Меѓународниот монетарен фонд. Во листата влегуваат исто Зимбабве, Судан и Сомалија. Грција е првата држава во историјата на Фондот, која е во листата со толку голем заем. Оваа ноќ исто така истече и меѓународната спасувачка програма. Земјата се уште  има шанса да избегне банкрот, ако успее да постигне договор со кредиторите до 20 јули, кога Грција има рата на кредитот за Европската централна банка и ако банката не престане со ликвидна помош за грчките банки.

Во меѓувреме Народната банка на Грција им дава специјални билети на пензионерите, со кои ќе можат да ги добијат дел од пензиите. Тие можат да повлечат до 120 евра од парите поради наметнатата контрола врз капиталот.

Во исто време „Ројтерс“ известува дека мнозинството Грци ќе гласаат со „не“ на референдумот во неделата - нема да ги прифатат предлозите на кредиторите. Истражувањето на Институтот „ProRata“ за весникот „Efimerida ton Syntatkton“ покажува дека 54% од испитаниците имаат намера да гласаат против предлозите на кредиторите, а 33% ќе ги поддржат.

Истражувањето пред банките да бидат затворени покажува дека 57% ќе гласаат со „не“ на референдумот, а 30% со „да“. Социолошкото истражување по банкарската контрола покажува дека 46% ќе кажат „не“, а 37% - „да“.

Вкупниот грчки долг е од 323 милијарди евра (меѓународните спасувачки фондови држат 246 милијарди евра; грчките банки - 11 милијарди евра; странски банки - 2,4 милијарди евра; други обврзници - 48, 8 милијарди евра; други кредити - 10 милијарди евра и централната банка на Грција - 4,3 милијарди евра).

Во спасувачките фондови Германија има најмногу вложено - 56 милијарди евра. Следат: Франција - 42 милијарди евра; Италија - 37 милијарди евра; другите земји од еврозоната - 34 милијарди евра; ММФ - 32 милијарди евра; Шпанија - 25 милијарди евра и ЕЦБ - 20 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен