Ципрас отворено се спротивстави против санкциите за Русија
Објавено во: Балкан 07 Април, 2015 12:38
Грција не се согласува со санкциите против Русија, тоа е пат кој не води никаде, изјавил премиерот Алексис Ципрас во интервју за „ТАСС“ по повод 4-дневната официјална посета на Москва.
Ципрас открил дека веднаш штом беше инаугурацијата, добил порака од претседателот на Европскиот совет (Доналд Туск), „кој речиси ја сметал за готова позицијата на Грција во поза на санкциите за Русија“.
„Јас и се јавив, исто така и на Федерика Могерини (министерката за надворешни работи на ЕУ) и им реков: Не го сметајте ставот на Грција за готов, ситуацијата се промени, сега Грција има друга влада. И сега вие треба да побарате од нас барање пред да донесете одлука. Ние не се согласуваме со санкциите. Јас сметам дека тоа е пат кој води наникаде. Јас сум приврзаник на гледиштето дека е потребен дијалог, дипломатија, треба да се седне на масата за преговори и да се најде решение за големите проблеми“, ијзавил Ципрас.
Тој исто така, истакнал дека го поддржува Минскиот договор: „Сметам дека треба да се направи се што е можно за да се прекинат тензиите во Украина“.
Според него, за време на неговото прво учество на самитот на ЕУ (19-20 март), тој ги прашал своите колеги: „Кажете ми како да ја замислам новата архитектура на безбедност на Европа? Можете ли да замислите зашто Русија е на спротивната страна или со Русија во процес на дијалог и меѓусебно разбирање. Одговор од многумина јас и не добив. За мене одговорот е јасен - новата безбедносна архитектура во Европа треба да ја вклучува и Русија“, истакнал грчкиот премиер.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




