16 Декември, 2025
0.0342

Ципрас: Преговорите за грчкиот долг ќе започнат до јуни

Објавено во: Балкан 31 Март, 2015 12:41

Добивај вести на Viber

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас ја повика опозицијата во земјата да го поддржи ставот на владата на преговорите со кредиторите и увери дека преговорите за реструктуирање на долгот ќе започнат до јуни, пренесе РИА Новости.

„Од страна на владата на Грција нема никаква тајна дипломатија, а до крајот ќе бидат водени искрени преговори. Грција е единствената земја во светот, која од летото на 2014 година не ги  рефинансира своите долгови, а ги плаќа со средства од својот буџет. Ние имаме намера да пристапиме до јуни кон нов договор за развој со партнерите за да го намалиме во наредните три години големиот буџетски суфицит, кој претставува синоним на политиката на крајно штедење“, изјави Ципрас.

Во односите меѓу Русија и Грција има голем потенцијал, особено во енергетиката и туризмот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за ТАС, во врска со претстојната посета на Москва на 8 април.

Според владата на Грција во соработката меѓу двете земји има голем потенцијал, особено во областа на енергетиката. „Мислам дека можноста да се зајакне нашата врска е поврзана со туризмот, како и со разни културни манифестации“, објасни Ципрас.

Во Русија грчкиот премиер ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Дмитриј Медведев и патријархот. Предвидено е посета на Ципрас во еден од најголемите универзитети во Москва.

„Од оваа перспектива мислам дека можноста за соработка на ниво за едукација меѓу грчки и руски универзитети исто така е многу важен аспект од зајакнувањето на кохабитацијата“, смета Ципрас.

Тој исто така рече дека Грција и Русија имаат заеднички корени, заедничка борба, заедничка религија и култура. „Вашата земја има богата култура, а Грција е лулката на светската цивилизација. Мислам дека во овие области можеме да имаме многу специфична комуникација и зајакнување на врските меѓу двете земји“, изјави Ципрас.

Според него 2016 година ќе биде добра за Грција и Русија и ќе отвори важна можност за развој на односите.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството