16 Декември, 2025
0.0314

Ципрас: Се надевам дека ќе поставиме нов почеток во односите со Русија

Објавено во: Балкан 08 Април, 2015 15:03

Добивај вести на Viber

Премиерот на Грција Алексис Ципрас сака нов почеток во односите со Русија.

„Целта на мојата посета е да пробаме да направиме нов почеток. Нов почеток на односите во корист на двата народа, како и за подобрување на стабилноста и безбедноста во регионот“, изјавил Ципрас за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Денеска рускиот претседател изрази надеж дека посетата на грчкиот премиер ќе помогне во реконструкцијата на претходниот раст на трговската размена меѓу двете земји.

„Минатата година таа се распадна за 40 проценти. Вашата посета доаѓа сосема навреме, бидејќи ние треба да го анализираме она што може да го направиме двајцата, за да ги повратиме претходните стапки на раст“, истакнал Владимир Путин.

Пред 4-дневната посета на Москва Ципрас даде интервју за руската агенција „ТАСС“, во кое вели дека Грција не се согласува со санкциите против Русија, и ги опиша како „пат кој не води наникаде“.

Грчкиот премиер ги посочи и водечките сектори за билатералната соработка, посочувајќи ја конкретно енергетиката, туризмот и земјоделството. Пред неговата посета на Русија се појавија и шпекулации дека целта на неговата посета е Атина да договори финансиска помош и попусти за цената на гасот од Русија.

Освен со Путин Ципрас ќе има средби и со премиерот Дмитриј Медведев и патријархот Кирил.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството