19 Декември, 2025
0.0447

Ципрас: Целта не ми е „Grexit“, туку фер договор

Објавено во: Балкан 10 Јули, 2015 11:42

Добивај вести на Viber

Премиерот на Грција Алексис Ципрас изјавил пред пратениците од парламентарната фракција на неговата партија Сириза дека неговата цел е да склучи аранжман со кредиторите со максимално поволни услови, а не да ја извади земјата од еврозоната.

„Ние треба да најдеме клучно решение. Добивме мандат да склучиме договор во поповолни услови од оние содржаните во поднесениот ултиматум од Еврогрупата . Но, се разбира, ние немаме мандат за повлекување на Грција од еврозоната“, изјавил Ципрас.

„Сите ние решително се боревме за социјално праведен договор. Сега треба решително да продолжиме“, додал уште Ципрас.

„Моментот и одлуките кои треба да се преземат, се исклучително критични, она што е важно е парламентарната група на Сириза да се изјасни“ како обединета „и“ компатабилна „на гласањето за пакетот мерки во парламентот со донесувањето на решенијата“ додал премиерот.

За време на 20-минутното обраќање на Ципрас од седницата бил отсутен енергетскиот министер Панајотис Лафазанис. Тој дошол малку подоцна во парламентот, но не дал изјави.

Лафазанис, кој ја предводи „Лева платформа“ во Сириза, изразил несогласување во врска со предлозите на Владата кон доверителите. Овие предлози се слични на оние на (претседателот на Европската комисија Жан-Клод) Јункер, напишал Лафазанис во Мапа на „Искра“, изразувајки ги ставовите на „Левата платформа“.

Во меѓувреме, францускиот претседател Франсоа Оланд ги пофали предлозите на Атина, нарекувајќи ги „сериозни“ и „веродостојни“. Сепак уште ништо не е одлучено, предупредил социјалистот во петокот во Париз.

„Следните часови ќе бидат важни“, изјавил Оланд, кој во последниве недели повикуваше за компромис меѓу Атина и нејзините кредитори.

И францускиот министер за економија Емануел Макрон кој денеска е во посета на Мадрид, изјавил за новинарите во шпанската престолнина, дека има основа за оптимизам и за шансите да се постигне договор со Грција, пренесоа агенциите.

„Мислам дека во последните два дена беше постигнат значителен напредок“, изјавил Макрон, ден откако грчката влада поднесе нови предлози до кредиторите. „Стапката на реформите ги исполнува очекувањата и тоа е причина да бидеме претпазливи оптимисти“, додал Макрон.

Според грчките медиуми токму експертите на француското Министерство за финансии се најдоа од корисна помош на грчкиот преговарачки тим во последните два дена за подготвување на предлогот.

Доцна во четвртокот владата на Грција им испратила на кредиторите план за радикални реформи од оние кои беа предложени на земјата пред две недели. Тие вклучуваат зголемување на данокот за бродските компании и отстранување на даночното олеснување за ДДВ-то за грчките острови, нешто за што Атина инсистираше досега. Предвидениот ДДВ од 23 отсто за рестораните и угостителството и 13 проценти за хотелите, како и зголемување на корпоративниот данок во 2015 година. Владата исто така планира да го зголеми данокот на луксузниот имот, како и да се наметне веднаш данок на телевизиските реклами.

Во замена Грција очекува ревизија на целите за примарен суфицит на земјата за следните четири години и обезбедување на нова финансиска помош за 53,5 милијарди евра до крајот на јуни 2018 година.

Според портпаролот на Сириза, Никос Филис уште денес парламентот ќе ја овласти владата да преговара со кредиторите за реформите.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен