16 Декември, 2025
0.0330

Ципрас: Во односите меѓу Русија и Грција има голем потенцијал

Објавено во: Балкан 31 Март, 2015 09:35

Добивај вести на Viber

Во односите меѓу Русија и Грција има голем потенцијал, особено во енергетиката и туризмот, изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за „ТАСС“, во врска со претстојната посета на Москва на 8 април.

Според владата на Грција соработката меѓу двете земји има голем потенцијал, особено во областа на енергетиката. „Мислам дека можноста да се зајакне нашата врска е поврзана со туризмот, како и со разни културни манифестации“, објаснил Ципрас.

Во Русија грчкиот премиер ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Дмитриј Медведев и патријархот. Предвидено е изјавата на Ципрас во еден од најголемите универзитети во Москва. „Од оваа перспектива мислам дека можноста за соработка на ниво на едукација меѓу грчки и руски универзитети исто така е многу важен аспект од зајакнувањето на односите со Русија“, смета Ципрас.

Тој исто така изјавил дека Грција и Русија имаат заеднички корени, заедничка борба, заедничка религија и култура. „Вашата земја има богата култура, а Грција е лулката на светската цивилизација. Мислам дека во овие области можеме да имаме многу специфична комуникација и зајакнување на врските меѓу двете земји“, изјавил Ципрас.

Според него 2016 година ќе биде добра за Грција и Русија и ќе отвори важна можност за развој на односите.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството