Добивај вести на Viber
Не се работи за никаков страшен ден, напротив ова е добар ден да живеете во Америка. Традиционално денес е денот кога официјално започнува божиќната шопинг треска. Пред да Ви го објасниме феноменот на овој ден да дадеме еден мал вовед. Америкаците се несомнено најконзумерското општество во светот. Тоа според некои е добро, бидејќи тие се најбогатата нација во светот, според други токму таквото нивно однесување ги внесе во спирала на долгови која станува се понеиздржлива. Сепак за една работа мора да им се пружи рака, тие се без дилема едни од најпрагматичните луѓе на планетава. Најголемиот ден на празниците имаат променливи датуми, со цел деновите да се погодат петок или понеделник. Секако со цел празниците да бидат споени, луѓето некаде да прошетаат...и нормално да потрошат повеќе пари. Вчера во САД беше денот на благодарноста и традицинално еден ден после овој празник, започнува големото шоу на попусти. Во основа дента низ цела америка е како кај нас кога се отвараше големиот маркет во новиот трговски во Карпош, само малку порадикално. Луѓето се редат уште од раните утрински часови пред продавниците во потрага по подобра зделка. А зделки има премногу добри да се пропуштат. Ако сакате да проверите за што зборуваме само искуцајте black Friday на гугл и ќе видите понуди кои дури и за нашиот џеб се исклучително поволни.
Интересн е економскиот импакт на овој ден за американската економија. Како што напишавме погоре овој ден се нарекува Black Friday, а иако преводот на македонски е црн, сепак овој термин во нивната терминологија означува профит. Значи ова е период кога сопствениците на малопродажните објекти влегуваат во плус. Се смета дека полни единаесет месеци голем дел од продавниците работат со загуба и огромен дел од профитите ги прават само во овој единствен ден.
За какви бројки зборуваме?
Иако е многу тешко да се точно пресмета се смета дека само во овој единствен ден во продавниците на мало се трошат неверојатни 50 милијарди долари. Оваа бројка е еднаква на македонското производство за пет години и е секако поголема од она што многу економии го прават во текот на една година. Сепак овој ден има и темна страна. Луѓето занесени во потргата по поефтин производ, знаат да направат и лоши работи, па така црна дамка на овој ден остави еден случај пред неколку години еден човек загина од стампедо на купувачи. Се поставува прашањето колку ваквиот начин на создавање психологија на трошење е социјално оправдан. Луѓето се повеќе стануваат робови на она што им се сервира и тргнуваат како стадо во потрага по ефтин производ.
– Потрошив околу 1.000 долари на телевизори и компјутерски игри, но и други работи. Не знам точно колку. Секогаш влегувам подготвен, знам што ми треба и што сакам да купам, но откако сум внатре, не се знае што се ќе купам, рече еден од потрошувачите.
Продавницата на „Таргет“, имаше многу голем ред, но и порано време на отворање. Неколку стотици луѓе чекаа до 9 часот, а менаџментот имаше ангажирано и обезбедување, но и редовна полиција. Вратите на големиот „Таргет“ се отворија точно во 9 часот, а обезбедувањето повеќе пати им објаснуваше на купувачите како да се движат, за да се избегне создавање на стампедо. Од одзивот на овој ден многу се задоволни и трговците..
- Ова е многу важен ден за нас. Одзивот денес е одличен, рече продавачот во продавницата „Сеарс“ во трговскиот центар „Фер Оукс“, каде неколку десетици луѓе чекаа на ред. „Сеарс“, каде можат да се купат електрични уреди за домаќинството, авто-делови, мебел и разна електроника, отвори релативно рано, во осум часот вечерта, поради што редиците не беа многу големи.
-Знаеме дека во лошите времиња, како и во добрите, последната работа на која родителите сакаат да заштедат е подарокот за празниците за своите деца. Дури и во најголемата рецесија во 2008-та и 2009-та година, нашата продажба се зголемуваше во сезоната на празниците.
Поместување на часот на отворање на продавниците понапред наиде на силни критики на синдикатите на продавачите во некои од трговските синџири. Особено гигантот „Волмарт“ се соочи со штрајкови и протести во дел од нивните 9.000 супермаркети.
Црниот петок се чини дека ќе остане во САД уште многу долги години.
Редакција Фактор
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.