Добивај вести на Viber
Во Црна Гора цените на електричната енергија од 1 август ќе се зголемат за околу 6 отсто, што е второ поскапување на струјата во таа држава од почетокот на годината. Од Регулаторната агенција за енергетика (РАЕ) соопштено е дека цената на струјата за домаќинствата со двотарифни броила од 1 август ќе биде поголема за 5,86 отсто.