05 Декември, 2025
0.0612

Црвен картон за над 30.000 фирми: ќе се бришат од евиденција!

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2012 08:39

Добивај вести на Viber

Владата предлага бришење на фирмите што најмалку три години не доставиле годишни сметки во Централниот регистар, како и на оние фирми што се со блокирани сметки, кои во минатото преминале во Агенцијата за блокирани сметки, а оттаму во евиденција на УЈП. Според статистичките податоци, минатата година во Македонија имало околу 73.000 активни деловни субјекти. Меѓутоа, бројот на регистрираните фирми е многу поголем бидејќи има огромен број што се запишани во трговскиот регистар, но не функционираат со години. Се проценува дека нивниот број е над 30.000. Сите овие ќе се избришат од евиденцијата со новиот предлог-закон за измени и дополнување на Законот за трговските друштва, изготвен од Министерството за економија, кој ќе стапи на сила од 1 март 2013 година. - Измените на законот произлегуваат од Високите преговори помеѓу Македонија и Европската Унија во делот на Главата за Функционална пазарна економија каде се бара побрзо решавање на неактивните трговски друштва, а заради понатамошно подобрување на конкурентноста на домашниот пазар и националната конкурентност во смисла што од пазарот ќе се исклучат сите трговски друштва кои во период од три години се неактивни - стои во образложението на законот кој е во собраниска процедура.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември