Црвениот крст дели помош во поплавените подрачја
Објавено во: Мои пари 07 Март, 2013 13:27
За помош во поплавените подрачја Црвениот крст на Република Македонија од сопствените стокови резерви подели 298 прехранбени пакети, 851 хигиенски пакет, 8,5 тони вода за пиење, 340 душеци, 145 кујнски сетови, 65 церади, 1.800 ќебиња, 180 пара чизми и 120 вреќи за спиење,за помош во поплавените подрачја, информира денеска генералниот секретар Саит Саити.
Во реализација на акцијата биле вклучени 854 волонтери, кои на терен поминале 2.562 часа.
- Разликата од поплавите и сега е само што нема вода. Ситуацијата и глетката е страшна. Луѓето допрва треба да се справат со последиците и сега им е потребна помош за да ги отстранат последиците од катастрофите, изјави Саити.
- Подготвени сме да им излеземе во пресрет во рамки на нашите капацитети и можности без разлика дали се човечки или материјални ресурси. Обезбедена е дополнителна помош дојдени се средствата во Црвнеиот крст. Од денеска до понеделник ќе се направат сите потребни набавки и од понеделник повторно стапуваме на терен со покривање на семејствата кои првично беа проценети дека имаат потреба од нас, но беа опслужени најпрво оние најзагрозените, рече Саити.
Истакна дека со заклучок на Влада биле задолжени она што го поседуваат, во случајот шпорети на дрва, да го дистрибуираат во Струмичкиот и Кумановскиот регион, со што ќе почнат од утре.
- Бевме ефикасни и функционални. Сметам дека навремено и позитивно одговоривме за задоволување на потребите на населението, додаде генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





