ЦУК: Состојбата со поплавените подрачја е стабилна
Објавено во: Мои пари 01 Март, 2013
Според Центарот за управување со кризи, состојбата со поплавените подрачја е стабилна, а протеците во реките се враќаат во нормална состојба.
„Во моментов сите надлежни институции кои се дел од системот за управување со кризи работат на санирање на штетите во зафатените места, а во соработка со Црвениот крст, на сите загрозени лица им беше доставена неопходната помош – храна, вода, ќебиња и основни хигиенски производи. Тоа ќе продолжи и во наредниот период. Регионалните кризни штабови во овие региони континуирано ќе заседаваат и заедно со општинските комисии ќе се вршат проценките на штетите од поплавите,“ соопштуваат од ЦУК.