05 Декември, 2025
0.0271

ЦВЕТКОВ ИЛИ НИКОЛОВСКИ: расчистување на матни тендери или неосновани обвинувања?

Објавено во: Агробизнис 27 Јануари, 2016 07:53

Добивај вести на Viber

Министерот  Михаил Цветков му доделил милионски тендер на Љубисав Иванов – Ѕинго, лидерот на Социјалистичката партија, од каде доаѓа и самиот Цветков. Со вакво тврдење, повикувајќи се на официјални документи излезе дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски. Николовски, обелоденувајќи го договорот вреден половина милион евра за чистење на каналите, што Министерството за земјоделство го склучило со фирмата Силекс Неметали, што е во сопственост на Силекс АД Кратово, посочи дека со ова се покажува оти станува збор за злоупотреби во институциите, дека има судир на интереси. Документите од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството потврдуваат дека на фирмата Силекс Неметали в0 2014 година и била исплатена сума од 23 милиони денари. „Апсурдно, според официјалните податоци на истата Агенција, следната 2015 година за штети од поплавите поради неисчистени канали се исплатени над пет милиони евра, изјави Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство. Николовски, смета дека на овој начин се купувал и медиумот кој го поседува синот на Љубисав Иванов Ѕинго, односно Сител телевизија. „Додека земјоделците мака мачеле со поплавите ширум Македонија нивните пари се злоупотребувале за јакнење на медиумскиот мрак што го создаде фамилијата и за црните кампањи против опозицијата, додаде Николовски. Дополнително, во истиот момент кога фирмата на Ѕинго го добива тендерот, министерот Цветков, не само што го му го доделил на својот партиски лидер, туку и бил член на Управниот одбор на истата фирма, посочува Николовски. „Кога „Силекс неметали“ го добива тендерот и кога се исплатени парите преку Агенцијата, Михаил Цветков во исто време е министер за земјоделство и член на Одборот на директори на Силекс АД Кратово! Тоа го покажуват официјалните документи од Централниот регистар, вели Николовски. Тој ги повика сите надлежни институции да го испитаат случајот, а Цветков да си поднесе оставка. Реагираше министерот за земјоделство  Михаил Цветков   Министерот за земјоделство, Михаил Цветков, реагираше на обвинувањата на  дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски. Цветков, тврди дека веднаш кога стапил на функцијата министер, поднел барање до Силекс АД Кратово да биде ставена во мирување неговата функција, а за тоа ја известил и антикорупциската комисија. Министерот Цветков веднаш по стапувањето на функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство поднесе барање до Собранието на АД Силекс, но бидејќи собранието обично се состанува еднаш годишно, министерот Цветков до Државната комисија за спречување на корупцијата  има доставено нотарски заверена изјава дека не е повеќе член на овој Одбор со што е запазена законската процедура, се вели во реакцијата на Министерството за земјоделство. Во однос на обвинувањата дека тендерот го добиле фирмите на неговиот партиски лидер, Цветков објаснува дека чистењето на каналите се финансира преку Програмата за рурален развој со што годишно се чистат околу 100 километри каналска мрежа. Кои канали ќе се чистат зависи од доставените барања и елаборати со дефинирани локации и потребни финансиски средства на водостопанските претпријатија, а Управата за водостопанство при МЗШВ врз основа ни тие барања распишува тендер. „На тендерот за 2014 година на кој се јавиле 18 економски оператори на јавната електронска аукција учествувале 15, а 4 од нив дале најповолни услови односно најниски цени и со нив се склучени договорите, се вели во објаснувањето на Цветков. Тој допонително се правда и дека покрај тоа што се испочитувале сите законски процедури,  Цветков пред исплатата на средствата дополнително формирал и Комисија за проверка на изведени работи поврзани со чистењето на каналите за одводнување и наводнување во чии состав покрај членовите од МЗШВ има и членови од други надлежни државни институции. „Оваа комисија беше на терен, состави писмен извештај поткрепен со фото документација со што се потврдува дека сите економски оператори ги извршиле активностите согласно условите во договорите, се вели во објаснувањто на Цветков. С.Н.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?