05 Декември, 2025
0.0485

Туневски: Што треба да се случи за “фамилијата” да се откаже од скапиот увоз на струја ?

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2012 14:12

Добивај вести на Viber

Клучно е прашањето, зошто Владата упорно продолжува да не инвестира во изградба на нови производствени енергетски објекти? Дали причината е интересот на фамилијата да увезува скапа струја ?Македонија во послeдните шест години веќе потроши над една милијарда евра за увоз на скапа струја и нејасно е што трeба да се случи за фамилијата да се откаже од скапиот увоз на струја што го плаќаат сите граѓани, а од кој корист има само фамилијатa, праша Атанско Туневски од СДСМ по седницата на Економско социјалниот совет во партијата. Имено Туневски дополнително посочи и дека во буџетот за следната година повторно не се предвидени средства за  изградба на нови електроенергетски објекти, бидеќи според податоците Владата следната годниа преку Министерството за економија планира да потроши 900 илјади евра за развој на енергетиката, но тие пред се се трошат за плати, патни трошоци, комунални и договорни услуги. За гасификацијата пак преку Министерството за транспорт и врски предвидени се околу 4 милиони евра, што се премали средства. Останува отворено прашањето дали и под кои услови Македонија воопшто ќе се вклучи во изградбата на гасоводот Јужен тек, изјави Туневски, бидејќи како што кажа, Владата има забелешки на предлог договорот од Руската федерација, а во официјалните мапи на гасоводот кракот кон Макеодонија се уште не е вцртан. Ако се усвои предлог буџетот за 2013 година ,тогаш повторно ќе нема никакви активности за изградба на нови производни капацитети, а во предложениот буџет не е земена предвид Стратегијата за развој на енерегтиката во Македонија до 2020 година усвоена од Владата пред три години. Во таа Стратегија се предвидува почеток на работата на нова гасна електрана во Скопје во 2014 година, четврт блок на Рек Битола, Чебрен  во 2018 година, Бошков Мост во 2015 година ,акумулацијата Луково Поле со ХЕ Црн Камен и ХЕ Галиште во 2016 година  и сл. Ниту еден од овие проекти не е започнат да се гради и јасно е дека со ваков предлог Буџет Владата се откажува од реализација на стратегијата за развој на енергетиката која таа самата ја донесе. Токму поради тоа, посочи Туневски, Владата ќе продолжи со скап увоз на струјаи во наредните години. Ако во септември 2012 година беа увезени 40 отсто од вкупните потреби на струја во земјава иако грејната сезона не беше почната тогаш прашање е колку струја ќе биде потребно да се увезе во наредните зимски месеци?  Прашање е дали некој ќе одговара за огромниот пораст на трошоците за производство на струја во РЕК Битола, за неквалитетната брана на ХЕЦ Света Петка но и дали некој ќе одговара за континуираниот пад на домашното производство на струја од РЕК Битола , заврши Туневски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември