15 Декември, 2025
0.0293

ТУРБО РАБОТА И НЕЗДРАВ НАЧИН НА ЖИВОТ: И во Македонија се умира од преработеност

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2021 06:52

Добивај вести на Viber

Прекумерното работење физички и психички ги оптоварува работниците и води кон здравствени проблеми.

Стрес, несоница,  исцрпеност, се само дел од работите со кои се соочуваат македонските работници кога е во прашање менталното здравје, набројува психологот Милка Ололоска. Таа вели дека кај нас дел од луѓето се во трка за да преживеат, а другите пак се во трка за акумулирање на што поголем капитал.

„Секоја работа бара и ментално ангажирање, нудење на решенија, давање на идеи. Што и да работиме ние ментално се оптоваруваме. Поради работата луѓето ги мачи хроничен стрес, а со тоа доаѓа и пореметување на сонот, нередовно јадење. Ако луѓето не се задоволни од работа, тоа го носат и дома. Се чувствуваат напнати, исцрпени, презаситени, вознемирени и не гледаат некоја цел или перспектива, туку едноставно гледаат да преживеат, да си обезбедат егзистенција. Сетоа тоа е како еден затворен круг. Работите во системот се така поставени и затоа луѓето немаат некоја мотивација. Дури и она слободно време кое го имаат, поради пандемијата и други фактори не го поминуваат квалитетно“, вели Ололоска.

Д-р Лидија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ) објаснува дека прв фактор е тоа што луѓето освен што работат по 8 часа на ден во некоја компанија, за да ги задоволат потребите на семејството, работат и дополнителна работа, со што се физички оптоварени. Плус, кај нас населението не практикува здрав начин на живот.

„Некој треба да седне и да ја види целата слика. Кај нас луѓето водат нездрав начин на живот, пушат цигари, со што голем дел имаат оштетувања на респираторниот систем. Ова можам да го кажам од моето искуство од 30 години и луѓето кои имаат нездрави животни навики, по долги години ќе имаат последици по здравјето, а со тоа го трошат и здравствениот систем. Сериозни држави водат кампањи со кои го поттикнуваат населението да се откаже од пушење“, додава Чолакова Дервишова.

Заедничката студија на Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународната организација на трудот (МОТ) покажа дека на Балканот, но и во Македонија луѓето имаат голема смртност поради товарот на болести кои доаѓаат од долгото работно време и трудоинтензивните професии. СЗО и МОТ заклучија дека долгото работно време ја зголемува смртноста од срцеви заболувања и мозочен удар.

Интерните податоци објавени од ИНСТАТ, покажуваат дека просечното работно време во 2019 година било 41,3 работни часа неделно во Македонија, далеку подолго отколку во другите европски земји кои работат 30-35 часа неделно. Во регионот во просек најмалку работи јавниот сектор, а најмногу производствениот сектор, со 46,3 часа во просек. Вториот сектор со подолг работен ден е трговијата, потоа следат транспортот, угостителството, деловните услуги. Во продавници, барови, ресторани и хотели, вработените работат до 45 часа неделно. 

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“