25 Ноември, 2024
0.1697

ТУРЦИЈА ОДРЕДИ РОК ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЧО - но, министерот за правда не открива детали

Објавено во: Македонија 15 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција до Македонија веќе е доставен, но министерот за правда на Македонија, Кренар Лога одби да го соопшти пред медиумите. 

Тој истакна дека при официјалната посета на Турција им било соопштено дека судскиот дел во врска со екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо кај нив е завршен и останува само административниот дел. Според нивните правила, мора прво таму да се потпише од страна на нивното Министерство за внатрешни работи, па после до министерот за правда, појасни Лога.

Во изјава за медиуми по отворањето на денешната меѓународна конференција „Уставно-судска заштита на слободата на мисла и слободата на јавно изразување на мислата“ министерот Лога информираше дека според зборовите на неговиот колега, министерот за правда од Турција, очекува дека екстрадицијата би била за брзо време.

- Ни дадоа некој рок, како и да е, јас не сакам да кажувам такви детали, бидејќи таа работа зависи од нив, не од нас - рече министерот.

Во однос на прашањето дали е побарано нешто дополнително од нашата држава во врска со тој случај, тој одговори дека нема друга комуникација.

- Нема друга комуникација официјална освен тоа што веќе сите работи се затворени бидејќи сите постапки се на време. Неофицијално сме комуницирале и денеска баравме дополнителна информација кога би била испораката, рече Лога.

Љупчо Палевски Палчо повеќе од три месеци е во екстрадационен затвор во Турција. Тој е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

За соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето.

Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, кој е осомничен за помагање при бегството.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик