16 Декември, 2025
0.2476

Турција пак врие – Ердоган со солзавец и водени топови против демонстрантите

Објавено во: Балкан 12 Март, 2014 19:33

Добивај вести на Viber

На помалку од три недели до локалните избори во Турција и во момент кога премиерот Реџеп Тајип Ердоган уште се обидува да се справи со корупцискиот скандал во неговата влада, илјадници демонстранти денеска повторно излегоа на улиците на Истанбул и други турски градови со барање за негова оставка. Иницијалната каписла овојпат беше смртта на еден тинејџер кој беше во кома откако полицијата го ране за време на демонстрациите во јуни. Само неколку часа откако беше објавена смртта на 15-годишниот Беркин Елван, синоќа избувнаа масовни инциденти меѓу демонстрантите и полицијата во неколку турски градови, а демонстрациите продолжија и во текот на денешниот ден. Полициските сили со водени топови и солзавец се обиде да ги запре неколкуте илјади демонстранти во близина на истанбулскиот плоштад Таксим. Солзавец и водени топови беа искористени од полицијата и во главниот град Анкара. Елван имаше само 14 години кога на 16-ти јуни лани се најде во средиштето на уличните борби во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите, додека купувал леб за своето семејство. Во глава бил погоден од каписла со солзавец, по што цели девет месеци беше во кома. За неговото убиство биле испитувани неколкумина полицајци, но никој не е обвинет. http://www.youtube.com/watch?v=N06A6DhyZwY Ердоган ги критикуваше демонстрантите кои протестираа денеска, по погребот на 15-годишното момче. „Не е демократски да се настојува да се запалат улиците на 18 дена пред изборите“, рече турскиот премиер, додавајќи дека „каков и да е проблемот тој треба да се реши на гласачките кутии на 30 март“. Тој неодамна најави дека по локалните избори размислува да ја забрани употребата на Фејсбук и Јутјуб во Турција, затоа што, според него, овие интернет страници ги користеле неговите политички противници за да го критикуваат. Засега турскиот претседател Абдула Ѓул тврди дека тоа нема да го дозволи.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството