16 Декември, 2025
0.2454

Турција планира да извезе оружје вредно две милијарди долари годинава

Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2014 18:41

Добивај вести на Viber

Турската воена индустрија лани забележала раст на извозот за 10% во однос на претходната година и достигна вредност од 1,4 милијарди долари, соопшти Асоцијацијата на турски извозници од одбранбената и вселенската индустрија. Во периодот меѓу 2008 и 2012 година извозот на турската воена индустрија пораснал за 43 отсто, а една третина од вкупното производство било наменето за странство. Претседателот на Асоцијацијата Љатиф Арал Алиш напомена дека во 2014 година секторот очекува да оствари извоз во вредност од две милијарди долари. „САД, кои се водечки светски производител во областа на одбранбената индустрија, се наоѓаат на врвот на земјите кои купуваат турски одбранбени програми“, забележа Алиш. Зголемениот извоз во 2013 година во најголем дел се должи на турскиот производител ТАИ (Турска вселенска индустрија), чиј извоз е во вредност од 537 милиони долари. ТАИ го произведува турскиот борбен хеликоптер АТАК, наставно-тренажниот авион Хуркуш и првиот беспилотен авион од турско производство Анка.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството