Добивај вести на Viber
Во првите десет месеци од годината Турција ја посетиле околу 32 милиони туристи или за 10 отсто повеќе од лани, споредено со истиот период.Како што соопшти турскиот министер за култура и туризам Јомер Челик, најголем е бројот туристи дошле од Германија, Русија и Британија.
Притоа само во октомври годинава бројот на странски туристи изнесувал 3.4 милиони или 11,5 отсто повеќе во споредба со октомври 2012, покажаа официјалните статистички податоци.
Властите веруваат дека и во текот на ноември и декември продолжува активниот туристички прилив.
Само на аеродромот во Анталија, од јануари до крајот на октомври 2013 пристигнале рекордни 11 милиони странски туристи, а ова беше повод таму вчера да се оддржи церемонија по повод пристигнувањето на 11-милионитиот турист. Ќеста ја имаше германска брачна двојка.