ТУРЦИЈА ВО ПАНИКА: Поради можни терористички напади се затвора Амбасадата на САД во Анкара
Објавено во: Свет 05 Март, 2018
Амбасадата на САД во Анкара денеска ќе биде затворенa поради безбедносни причини, соопшти американската дипломатска мисија.
Амбасадата ќе работи само за итни случаи, додека интервјуата за извадање визи и други рутински услуги се откажани. Амбасадата дополнително ќе објави кога повторно ќе почне со работа.
Во меѓувреме, локалните власти на Анкара соопштија дека во целиот град се зајакнати безбедносните мерки за да се спречат евентуални терористички напади.
Турските медиуми јавуваат дека градски власти добиле сигнал од Американската амбасада во Анкара за можни терористички напади врз службеници на Амбасадата или Американци кои живеат во главниот град на Турција.
Курдската работничка партија и „Исламска држава“ во 2015 и 2016 година извршија неколку терористички напади во Анкара, во кои загинаа многу војници, и многумина беа повредени. Турските медиуми потсетуваат дека минатата година во Анкара немало такви инциденти./ МИА