05 Декември, 2025
0.2944

Турците имаат својa вакцина против ковид, се надеваат дека до крајот на годината ќе можат да ја употребуваат

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 25 Ноември, 2021 16:07

Добивај вести на Viber

Можно е наскоро турските граѓани да се вакцинираат со турска вакцина против ковид. Во Турција e побарана дозвола за итна употреба на домашната вакцина Турковак. 

Министерот за здравство Фехратин Коца денеска изјави дека побарале дозвола за итна употреба на домашната вакцина Турковак од Турската агенција за лекови и медицински средства (ТИТЦК). Се надева дека до крајот на годината таа ќе почне да се користи. 

Турковак е вакцина развиена од турското Министерство за здравство, Турскиот здравствен институт и Универзитетот Ерцијес, при што се завршени првата и втората фаза на испитување, а третата фаза е при крај.

„Сакам нашата вакцина да биде корисна за нашата земја и целиот свет“, посочи Коца.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган повеќе пати најавуваше дека турската вакцина ќе ја сподели со целиот свет. Во Турција досега се аплицирани околу 120 милиони дози вакцини, а се употребувани вакцините на Фајзер/Бионтек и Синовак. Свои вакцини користат Куба, Казахстан и други земји во светот. 

foto freepik.com

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени