Турците ќе ја произведуваат Спутник V?
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 18 Февруари, 2021
Руската вакцина ќе се испорачува, a можеби и ќе се произведува во Турција.
Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска имаат телефонски разговор, при што договорија испорака на руската вакцина. Тие разговараа и за можно производство на таа вакцина во Турција, информира Кремљ.
Турција претходно објави дека е подготвена да ја регистрира руската вакцина против Ковид- 19, Спутник V доколку ги мине локалните токсиколошки тестови. Претставник на Рускиот фонд за директни инвестиции претходно за ТАСС изјави дека е постигнат договор со водечка турска фармацевтска компанија за производство на руската вакцина во Турција. Фондот објави дека започнал процесот на пренесување на технологијата во Турција.
Оваа вакцина ќе ја произведува и Србија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.