ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ ТРПАТ ШТЕТИ: За 90 отсто им се намалила работата во однос на лани
Објавено во: Економија, Корона Вирус 01 Август, 2020
За 90 отсто е намален обемот на работа кај туристичките агенции поради пандемијата на коронавирусот.
Многу е мал бројот на оние кои ќе допатуваат, или ќе отпатуваат надвор од земјата. Туристичките работници деновиве ја алармираа државата дека не треба да бидат заборавени и да им се помогне со низа мерки до крајот на оваа 2020 година.
„Врз основа на анализа би го изјавила следното: кај повеќето туристички агенции во изминатата 2019 година имаше раст и интерес за патување со реализација на индивидуални патувања и пакет аранжмани: есенски, зимски, пролетни и летни понуди. Но, да не го занемариме дојдовниот туризам коj во последните години е актуелен, како балканските тури. Споредбено на оваа 2020 со минатата година, до овој период за жал, поради новонастанатата ситуација со Ковид - 19, за 90 % процентуално e забележан драстичен пад на туристи кои ја посетуваат нашата земја и оние кои треба да одпатуваат во овој период. Како што Ви напоменав претходно, по основ на минатогодишните-пакет аранжмани, како и автобускиот превоз споредбено на минатата со оваа 2020 година, се забележува драстична разлика. Имено, подетален статистички и аналитички приказ како реална слика, сметам дека би дала Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот- АППРМ“, вели Ивона Јакимовска, раководител на Сектор туристички агенции при СКТМ.
Поради пандемијата илјадници работни места во секторот се загрозени.
„Во Министерството за економија досега се регистрирани постоечки околу 800 туристички агенции, но немаме податок за дивите агенции како и превоз кои не се регистрирани, а за жал ја вршат оваа дејност. Би додала носители со А-лиценца се околу 70%, а останатите се со Б-Лиценца. Во однос на работни места, само во туристичкиот сектор директно броиме и погодени се околу 5.000 работни места, а пак во целокупната туристичка индустрија: угостителство, превоз, водичи и и итн., се околу 35.000. За жал, поради настанатата ситуација туристичкиот сектор има 90% пад на приходите севкупно, а, конкретно за туристичките агенции е 100% во минус поради никаква работна активност во последниве шест месеци во делот на туризмот. Па согласно на тоа, погоре споменатите бројки би биле реалност, односно би биле директно погодени од кризата“, додава Јакимовска.
Се бараат решенија со цел туристичкиот сектор да нема проблеми и во иднина и да функционира непречено.
„Нашите заложби во СКТМ се насочени во опстојувањето на туристичкиот сектор во сегашно и во идно време како и заложбата да преку транспарентност со сите чинители во туризмот и членките на Комората, како туристички сектор да разговараат и даваат предлози околу примената на сетот на мерки од владините тела и Министерството за економија преку раководните тела кои ја сочинуваат СКТМ. Веќе се дадени наши предлози до кординативното тело на Владата за тековните проблеми на кои ние туристичките работници наидуваме во овие исклучително тешки моменти и во нашата земја и на светско ниво. Моментално се бараат решенија на проследените наши барања и веруваме во добивање на ветената помош за да опстанеме како и повторно да функционира на домашниот туризам и странскиот туризам во туристичкиот сектор, превоз, водичи, хотелиери и целокупната угостителска дејност за да бидат поттикнати од мерките за помош кои треба да и се дадат и тоа веднаш и за да се создадат поповолни услови за работа да можеме да напредуваме во нашите професии“, вели Јакимовска.
Упатија апел до Владата да им се излезе во пресрет.
„Во оваа насока повторно упатуваме апел до Владата, да превземе одговорност за уникатната настаната ситуација со која се соочуваат сите туристички чинители и да се најде решение да го спасат туризмот. Верувам, дека ќе се најде идејно решение за да овој сектор не изумре бидејќи во делот на економијата и стопанството во изминантите години истиот придонесе за раст и да реализира пораст на финансиска добивка. Во спротивно сите овие горенаведени бројки би се прелеале под Заводот за вработување во нашата земја“, кажа Јакимовска.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2020 година изнесува 838, а бројот на ноќевањата изнесува 4 946.
Бројот на туристите во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 99.2 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 97.6 отсто.
Бројот на домашните туристи во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 97.8 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 99.7 отсто.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.