Туристичките работници испорачаа ултиматум до Филипче
Објавено во: Економија, Корона Вирус 07 Август, 2020
Туристичките работници излегоа со ултиматум до министерот за здравство, Венко Филипче, а најавуваат и протести.
Тие во својата реакција го критикуваат Филипче, односно неговата вчерашна препорака воопшто да не се патува и туристите да останат дома.
„Ако министерот препорачува да не се патува за да се заштитат граѓаните, тогаш државата нека помогне на овој сектор и да не заштити и нас од пропаста која веќе пристигна“, реагираат туристичките работници.
Од таму поставија ултиматум, најдоцна до 15-ти август да дојде до измена на, како што велат, нелогичната одлука за превоз на 50 отсто на патници во автобусите и бараат да се продолжи мерката за субвенционирање на платите на овој сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.