05 Декември, 2025
0.0280

Туризам: џебот празен, апетитите големи, каде ќе патуваат Македонците за празниците?

Објавено во: Мои пари 13 Април, 2013 08:18

Добивај вести на Viber

Претстојните празници ги распродадоа аранжманите во туристичките агенции. Во секоја агенција има понуди за сечиј џеб. Се нудат блиски и далечни дестинации. Патувања со авион или автобус, што секако ја одредува и цената на аранжманот. Најевтините стартуваат со цени од 70 евра, за некоја од блиските дестинации, патување со автобус во ноќни часови и два ноќевања. Најскапите, зависно од барањата на оние што тоа може да си го дозволат. Но, секако и годинава нема промена Грција и Бугарија остануваат на листата топ дестинации за македонците. На Крф за Велигден „Најатрактивен за Велигден е аранжманот на Крф, бидејќи има интересен дочек за Христовото Воскресение. Прво, во центарот на градот, се следи церемонијата со изнесувањето на епитафите од црквата Св.Ѓорги и од другите цркви во градот пратено со хорска музика, блех оркестри и групи од девојчиња со корпи цвеќе – симбол на островот. Сето тоа трае до вечерните часови каде може да се види  една несекојдневна процесија – оплакувањето на Христос. Следниот ден, во вечерните часови во градот, на големиот плоштад–најголем во цела Грција, се очекува величентсвениот миг Христовото Воскресение, а во тие моменти градот е осветлен од илјадници луѓе со свеќи во рацете,а небото го краси импозантен огномет. Ова е една од нашите најбарани дестинации со две ноќевања која ја нудиме за цена од 1оо евра, велат од штипската агенција Атлантик. Германија, Австрија, Чешка Меѓу најатрактивните понуди за првомајските и велигденските празници се уште остануваат Истанбул, Прага и Грција“, велат од охридската агенција Глобус Травел. „За овогодинешните првомајски и велигденски празници, најбарани дестинации се Минхен - со посета на дворците на Баварија, Виена, Прага, а секако атрактивни и интересни за туристите се Истанбул, Амстердам, Берлин, Париз, Дубаи, Москва. Но, сепак поради близината, голем интерес има за соседните земји Грција - конкретно хотелско сместување на Халкидики, како и Бугарија - Банско и Сандански, кои нудат одлични спа и велнес содржини“, велат од туристичката агенција Фалкон. Кризата удира ама Македонците сакаат да патуваат Со оглед дека годинава има поголем број на слободни денови поради близината на празниците Велигден и 1-ви Мај, интересот за патување посебно е зголемен.  Дел од граѓаните, односно оние кои тоа можат да си го дозволат бараат патувања кон европските метрополи, а дел пак кон поблиските дестинации Грција и Бугарија. „Бројот на граѓани кои се одлучуваат за поскапите и поексклузивни дестинации, секоја година расте. Сепак, тоа се еден мал број на патници, кои можат да си дозволат да платат висока цена за услуга од неколку дена. Споредено со минатите години, се отвораат нови и поексклузивни дестинации на нашиот пазар, а секако подобрени се и условите да се стигне до таквите дестинации, што мислам дека во иднина дополнително ќе го зголеми бројот на туристи кои ќе можат да си дозволат, како за промена, некое поегзотично патување“, велат од Фалкон. Аранжманите се поевтини од порано Но, сепак кризата си го направи своето потенцираат од агенциите кои велат дека секогаш во такви кризни ситуации прв на удар е токму туризмот. Разлика споредено со претходните години има, туризмот е една од стопанските гранки во која најпрво се чувствува криза, а показател на тоа е продолжениот период со попусти за рани резервации на аранжманите, велат од Глобус Травел. „Секако дека и туризмот како целина е погоден од економската криза и истата има влијание на нашиот пазар, особено во куповната моќ на граѓаните. Бројноста на аранжманите не се намали, напротив има нагорен тренд, а тоа се должи на намалувањето на цените за услуги кои ги плаќаат туристите кај нас. Тоа успеавме да го постигнеме со дампинг цени, кои нашите долгогодишни партнери во земјава и странство ни ги гарантираат, без притоа да биде намален квалитетот на услугата“, велат од Фалкон. „Секако дека има промена, но ние се бориме, работиме со промоции на различни дестинации доспани за различни категории на граѓани.И за оние со поплиток и за оние со подлабок џеб. Важно е она што го нудите, но и како го нудите, затоа мораме да внимаваме на повеќе акспекти, особено во вакви времиња“велат од Атлантик. За да и пркосат на кризата од агенциите објаснуваат дека постојано ги зголемуваат понудите, а со тоа и интересот на луѓето за патување. Засега е рано да се зборува како ќе помине оваа година, но велат дека бројките наговестуваат дека ќе биде подобра од минатата година.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј