02 Декември, 2024
0.0248

Турска делегација утре ќе бара од Заев да се зголемат квотите за цитрусно овошје

Објавено во: Агробизнис 10 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Турска бизнис-делегација предводена од турскиот заменик-министер Мехмед Хади Тунч и претседателот на Унијата на извозници на овошје и зеленчук во Егејот, Хајретин Учак, утре и задутре ќе претстојува во Македонија, а во агендата е предвидена средба со премиерот Зоран Заев на која ќе се побара зголемување на квотите за увоз на цитрусното овошје во земјата. Турција смета дека во Македонија има поголем простор за продажба на овошје како портокали, лимон, мандарини, лимета, манго и цитрони, пренесува IHA..

504 милиони долари е обемот на трговијата меѓу двете земји додека целта е тој да достигне милијарда евра, Поканата е од страна на градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски. а делегацијата ќе се сретне со министерот за земјоделство Трајан  Димковски, премиерот Заев и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

„Покрај тоа што го е зголемен нашиот извоз на свежо овошје и зеленчук, зголоемени се и инвестициите во Северна Македонија, која има една од најниските даночни стапки во Европа и се најде на 10-то место меѓу 190 земји во дуинг-бизнис според извештајот на Светска банка. Можностите ќе бидат испитани и на лице место “, рече Учак.

Потребата на цитрусни производи во Македонија е 15 илјади тони. Тоа е причината зошто ние сметаме дека квотата треба да се зголеми на 8 илјади тони според договорот за слободна трговија потпишан меѓу двете земји.  Покрај тоа, ние сакаме потенцијално поголема понудата за нашиот извоз на газирани пијалаци и овошни сокови. Ние ќе ги истакнеме овие барања за време на нашата контакти во Северна Македонија, додаде предводникот на бизнис-делегацијата.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.