13 Ноември, 2018
0.3165
    ALK 8291.04    -0.21%     BESK 9682    0%     CEVI 1000    0%     GRNT 850    0%     KJUBI 1550    0%     KMB 5393.35    -0.32%     OHB 6727.78    0.6%     OKTA 5000    -2.21%     SBT 2529.55    -6.31%     STB 1288.66    1.68%     STBP 1250    0.62%     TETE 2416.06    1.86%     TKVS 5626    -3%     TNB 14790    -0.01%     TTK 1300    -0.83%

ТУРСКА КРИЗА: Oна што се увезува ќе биде поевтино за македонските компании

Објавено во: Анализа 16 Август, 2018

Неколку дена Турција е во паника поради падот на турската лира и кризата која може да има последици по земјата, но дали Македонија ќе почувствува негативни ефекти ќе се види во периодот кој следи.

Од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека во земјава може да се појават проблеми со турските инвеститори.

„За Република Македонија најголем трговски партнер е Европската Унија со околу 70%, со оглед на оваа претпоставуваме дека кризата во Турција нема да има негативни ефекти врз македонската економија, исто така, во првите шест месеци од годинава трговската размена меѓу Македонија и Турција е зголемена за 23,6% и достигнала 256 милиони долари. Има раст и кај извозот, но и кај увозот што значи тоа дека тоа што се увезува од Турција ќе биде поевтино за македонските компании. Сепак, оваа би можело да доведе до зголемување на трговскиот дефицит со Турција. Сметаме дека единствено може да дојде до проблеми со турските инвеститори во Македонија, но во моментот ја следиме ситуацијата и за тоа допрва ќе видиме, бидејќи сега за сега расте трговската размена со Турција. На крај сметаме дека кризата со турската лира се однесува главно во односите со САД како еден од најзначајните трговски партнери на Турција“ - велат од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Во Турција туристите деновиве го искористија падот на лирата, бидејќи тоа одеднаш ја зголеми нивната куповна моќ.

Лирата го достигна историскиот минимум од над седум турски лири за долар.

И турските граѓани се загрижени и се плашат дека Ердоган нема да ја реши кризата.

„Оваа ситуација е многу лоша. Јас  туристички се плашам да одам во странство затоа што тоа во овие околности  чини премногу. Ние ќе бидеме како Грција во секој случај. Не мислам дека Ердоган ќе реши нешто“ - вели Мелих Хусну Ѓумуш кој живее во Истанбул.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе има бојкот на електронски уреди од САД, откако ги заостри односите со својот долгогодишен сојузник.

Како што рeче Ердоган, мора да се задржи цврста позиција во времето кога лирата паѓа. Ердоган додава дека можат да направат две работи, економски и политички.

„Ќе ја бојкотираме стоката од САД, имаат Ајфон, а од друга страна постои Самсунг, имаме и локален бренд Venus Vestel, ќе го користиме“- наведе претходно Ердоган.

Односите меѓу Анкара и Вашингтон се влошија, поради свештеникот Ендру Брансон кој е затворен во Турција.

Неодамна американскиот претседател, Доналд Трамп соопшти дека одобрил двојно зголемување на царините за челик и алуминиум.

Сања Атанасовска