Турската лира уште долго нема да се стабилизира?
Објавено во: Економија 19 Јуни, 2023
Вредноста на турската лира константно паѓа, а експертите не очекуваат подобрување на состојбата. Велат дека валутата нема да ја врати вредноста од 2014 година.
Вториот круг од изборите во Турција заврши на 28 мај, и оттогаш вредноста на лирата се намалува. Од 2013 година, курсот на лирата во однос на доларот почна полека да паѓа, а економистот Емир Алкин вели дека таа година е почетна точка на девалвација на валутата. Алкин, ректор на Универзитетот Топкапи во Истанбул, објасни дека дипломатските грешки или внатрешната политика автоматски се одразуваат во реакциите на берзите и каматните стапки. Девалвацијата на лирата се забрза во 2021 година, кога таа премина едноцифрена и достигна вредност од 10 во девизниот курс лира-долар.
„Турција е вовлечена во „политички бури“ од 2013 година“, вели Мурат Окчу, професор по економија и административни науки на Универзитетот Сулејман Демирел.
Експертите за Ал Џезира велат дека континуираната девалвација на лирата е предвидлив резултат на потисната инфлација пред изборите. Инаку, Турција според Евростат имаше највисока стапка на инфлација во Европа, односно над 80 отсто. Со години турската лира се соочува со шокови.
Инвеститорите очекуваат дополнителено намалување на вредноста на турскaта лира, со облози кои даваат 80 отсто шанса за намалување на вредноста на валутата до 25 лири за еден долар во следните три месеци и повеќе од 60 отсто шанси за пад на 27 лири на долар.
Голдман Сакс сега предвидува дека турската лира дополнително ќе поевтини во следните 12 месеци. Веруваат дека нејзиниот девизен курс во однос на доларот ќе изнесува 28 лири за еден долар.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.