05 Декември, 2025
0.0769

Турски бизнисмени ќе инвестираат во Македонија

Објавено во: Економија 05 Ноември, 2012 14:40

Добивај вести на Viber

Делегација на турски бизнисмени допатува во Македонија за да се запознае со можностите што ги нуди земјава за инвестирање. На средбата со членките на Стопанската комора на северозападна Македонија, беше заклучено дека досегашната соработка со турските компании е добра, но има простор да се подобри. „Како комора можеме да им понудиме техничка поддршка и информации за областа за која се интересираат и да ги поврземе со компаниите кои се наши членки“, изјави потпретседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија“, Назми Ејупи. Како што најави Ахмет Шенер од Трејд Турк, компанија која ја организира средбата во Скопје, во април идната година се очекува поголема турска делегација со која ќе се разгледуваат условите за соработка, а со цел подобрување на економската и индустриската соработка меѓу двете земји. Според Шенер, во делегацијата што ќе дојде во април ќе има турски бизнисмен што има намера да гради училиште во Македонија, кое ќе му го подари на Министерство за образование и наука, како и бизнисмени кои веќе изградиле фабрика во Македонија. „Целта на нашата посета е да водиме разговори со челниците на македонската држава и Влада и заедно да разгледаме во кои гранки се најпотребни инвестиции во Македонија“ појасни Зија Ѓувенч, ректорот на Универзитеотот Чанкаја и претседател на Асоцијацијата која брои 1.200 компании Турската делегација која пристигна во посета на Македонија  ја сочинуваа бизнисмени од хемиската индустрија, градежништвото, земјоделството, семенарството, сточарството, производството на мебел и образованието, од регионот Ескишехир.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември