05 Декември, 2025
0.0496

Турски експерти ќе не советуваат како се штитат шумите

Објавено во: Агробизнис 01 Април, 2013 20:44

Добивај вести на Viber

Македонија и Турција се заложија за унапредување на соработката во земјоделството, пред се во областа на шумарството и ловството. Ова беа и клучните теми на денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со турската делегација на чело со Рустем Кириш, директор на Управата за планирање и управување со шумите во турското Министерство за шумарство и водостопанство.

За време на денешниот состанок биле договорени идните чекори за соработка на двете држави во делот на шумарството и водостопанството. Како што информираа од македонското министерство, Турција на експертско ниво треба да и помага на Македонија во заштита на шумите и реконструирање, модернизирање и подобрување на системите за наводнување и одводнување.

Делегацијата од Турција во земјава ќе престојува до четврток. Во овој период стручни лица од Министерството ќе организираат теренски посети на шумите, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?