05 Декември, 2025
0.0373

Турски бизнисмени размислуваат за инвестиции во Неготино

Објавено во: Агробизнис 02 Октомври, 2013 22:04

Добивај вести на Viber

Турските бизнисмени размислуваат за инвестиции во Неготино. Бизнис делегација од Кемал Паша, се сретна со градоначалникот на оваа општина, Ванчо Апостолов, кој пак открива дека се зборувало за вложувања во откупно-дистрибутивен центар за овошје. „Турците се заинтересираа за нашата нова индустриска зона, Црвени Брегови. Таму локалната самоуправа Неготино обезбедува комунално инфраструктурни предуслови за изградба на вакви и слични капацитети. Ќе сториме се што е во наша можност како локална самоуправа да донесеме една ваква инвестиција на неготинска територија“, изјави Апостолов кој не испушти пред новинарите да додаде дека неговата општината е насочена кон привлекување како на домашните, така и на странските инвеститори.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?