06 Октомври, 2024
0.0372

„Турски поток“ излегува од мртвата зона?

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Конечно има раздвижување околу изградбата на „Турски поток“, соопшти руското издание „Взглад“.

По тие информации едни од специјалните бродови - „Saipem 7000“, кој требаше да ги постави цевките за „Јужен поток“ по дното на Црното Море, го напуштил пристаништето на Бургас во почетокот на неделата.

„Castro Sei“ - другиот брод на компанијата изведувач на проектот (Saipem) сепак засега останува на пристаниптето во Бургас. Двата брода се во Бугарија веќе половина година.

Италијанската компанија „Saipem“ првично требаше да ја изгради првата цевка на „Јужен поток“ - од рускиот брег до Варна. Компанијата беше најмена од конзорциумот „South Stream Transport“ (SST), која требаше да го исполни морскиот дел на замрзнатите преговори на оваа фаза на гасовод.

„Гаспром“ веќе ги откупи акциите на останатите акционери во „SST“, макар и формално да не ги известила другите учесници во проектот за крајот на „Јужен поток“.

Во мај „Saipem“ пак потврдија дека рускиот гасен гигант наредил подготовка на изградбата на „Турски поток“. Според „Коммерсант“ „Газпром“ губи по 25 милиони долари на ден од доцнењето на одлуката за изградба. Поради оваа причина и руските медиуми сугерираат дека изградбата на гасоводот ќе почне дури и без формален договор со Турција.

За време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербурт во крајот на минатата недела рускиот министер за енергија Александар Новак самоуверено изјавил дека изградбата на гасоводот ќе започне кон крајот на јуни. Во меѓувреме и Русија и Грција потпишаа меморандум за соработка за реализација на проектот.

Во оваа фаза се очекува до 2016 година да биде изградена првата цевка на проектот. Количествата на гас по неа - кон 16 милијарди кубни метри гас годишно ќе бидат наменети само за турските клиенти на „Гаспром“. Првата цевка ќе излезе на турскиот брег крај селото Каркеи.

Плановите се во наредните години да се реализираат и другите три цевки за проектот, кои треба да преминат преку територијата на Турција до гасниот центар со грчката граница. Од таму европските клиенти на „Гаспром“ ќе можат да купуваат руски гас и да го транспортираат до сопствените гасни мрежи.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип