Турски сорти ориз успеваат во Кочанско
Објавено во: Агробизнис 27 Август, 2013 15:54
Делегација од Република Турција во рамки на работната посета на Кочани денеска ги посети површините ориз на Земјоделескиот институт каде што се реализира проектот за развој на оризопроизводството преку експериментална продукција на 15 различни оригинални турски сорти ориз на површина од 5 декари.
Експертите оценија дека проектот, подржан од Министерстсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство и Турската агенција за соработка и координација, ги дава очекуваните резултати што е гаранција за натамошна успешна реализција.
- За општина Кочани и земјоделството воопшто, почнувањето на овој проект е од големо значење. Земјоделците очекуваат значајни придобивки во делот на квалитетнотото производство на арпа и бел ориз и приближување на домашното производство кон турските и европските стандарди, истакна градоначалникот Ратко Димитровски.
Соработката се очекува да продолжи и во наредните години со примена на нови сорти ориз и семенски материјал. Во проектот ќе се вклучат поголем број земјоделци и обработливи површини од Кочанско поле.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





