Добивај вести на Viber
Млекарницата “Балканска млекара” чии основач е турскиот гигант “Суташ”, почна со откуп на млеко во земјава. За почеток како што велат од млекарницата почнале со откуп на 20 тони млеко дневно од Тетовскиот, Скопскиот, Гостиварскиот и Кумановскиот регион. Засега имаат 250 кооперанти.
-За околу 15-тина дена ќе почнеме со откуп на млеко и во Битолскиот и Струмичкиот регион. Можам да кажам дека има интерес кај сточарите за соработка, бидејќи ние им понудивме нешто ново. Количините на откуп на млеко ќе се зголемуваат постепено тоа веќе се одвива, односно како што ќе се зголемува и продажбата на млеко. Засега сме задоволни, се гледа недостигало една поголема млекарница на терен. Наскоро очекуваме да започнеме и со продажба и тоа не само на еден производ туку на повеќе, како сирење, слатко и кисело млеко и друго, вели Горан Стојановски, менаџер за земјоделски активности во Македонија.
Во однос на откупната цена на млекото, од “Суташ” велат дека таа ќе биде приближно на сегашната цена што на терен ја нудат другите млекарници, а плаќањето ќе биде до 15 во месецот. Засега како што велат од млекарницата не почуствувале дека на терен има недостиг од сурово млеко, бидејќи за почеток откупуваат помали количини.
Дел од фармерите кои се префрлиле како кооперанти во Балканска млекара, велат дека очекуваат добра соработка. Некои од сточарите коментираат дека Турците треба нудат повисока откупна цена од сегашната за да привлечат повеќе кооперанти.
Турскиот гигант ја купи пропадната “Сведмилк” од Тутунска банка за 4,5 милиони евра, а раководството најави дека наскоро “Балканска млекара” ќе стане најголема на Балканот. Вкупната инвестиција е 15 милиони евра, а до сега се инвестирани 10 милиони евра.
Дневното производство на млеко до крајот на годинава ќе се зголеми до 180 тони. Од млекарницата најавија и зголемување на сегашната бројка од 50 вработени, на кој најавија дека ќе им се придружат уште 150.
-Одлучивме да инвестираме на Балканот, потоа ја избравме Македонија, со која имаме културна и историска поврзанот, но придонесе и поволната бизнис клима. Ќе бидеме сопственици на најмодерната фaбрика во Македонија. Веруваме и се потпираме на нашето 38-годишно искуство“, изјави во март оваа година, Али Мушевик Созер, генерален менаџер на “Суташ” во Македонија.
Турците најавија заокружен процес од нива до трпеза, односно освен откуп и производство, планираат и фарма со над 1.000 грла говеда и фабрика за добиточна храна.Турците ќе го шират бизнисот. Планираат отворање на фарма со над 1000 грла говеда, како и на фабрика за сточна храна. Со ова би го заокружиле процесот - од трева до трпеза. Неодамна турците потпишаа долгорочен договор со македонската компанија „Пекабеско”, според кој во следните пет години, „Балканска млекара” – наследникот на поранешниот „Сведмилк”,ќе ја користи дистрибутивната мрежа на компанијата „Пекабеско”. Суташ” е седум години водечки бренд во млечната индустрија во Турција. Вработува 4.000 лица, а има 750 милиони литри производство и 69 производи во шест категории.
Ј.С
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.