07 Октомври, 2024
0.0258

ТУРСКИ ТЕК и МАКЕДОНИЈА: Совршен изговор за криза?!

Објавено во: Економија 27 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Гасоводот „Турски тек“ не е поврзан со актуелната политичката криза, се работи за класично енергетско прашање. Ако е така, тогаш дали и проектот Јужен поток се откажа поради криза во Македонија. Не, кога овој проект се откажа тогаш во земјава немаше политичка криза, ова се размислувањата на дел од експертската јавност, по се почестите пишувања во јавноста дека гасоводот е причина за последните политички тензии во земјава.  Македонија под итно да изгради гасоводна мрежа и да се приклучи кон Грција Турски тек како алтернатива на јужното крило на Јужен тек има за примарна цел, достава на природен гас до портите на ЕУ т.е Грција. Гасниот коридор со изградба на гас терминал во Турција има за цел да го пресретне доаѓањето на гас од блискиот Исток како и се понагласените ЛНГ терминали во Грција и Турција, тврди енергетскиот консултант Митко Андреевски. Според него, во врска со Македонија, овој проект (Турски тек) треба да се третира како добра шанса. Но, изградбата на гасовод во правец југ - север низ Македонија мора да биде со домашно финасирање и да започне веднаш.. „Ние „мора“ веднаш да започнеме со поврзување кон грчката гасоводна преносна мрежа и тоа со голем капацитет. Без разлика дали ќе продолжи проектот Турски тек или ТАП или снабдувањето ќе биде преку ЛНГ терминали. Македонија мора итно да бара приклучок од јужниот сосед. Сега е нашата шанса за ова. Ако ние не го направиме тоа, Албанија и Бугарија ќе го направат“, вели Андреевски, според него скандалите со прислушување и корупција немаат врска со проектот Турски тек и тоа не е причина за кризата. Груевски: Кога Брисел и Москва ќе постигнат договор тогаш ние ќе се вклучиме во Турски тек Премиерот Никола Груевски во интервју за порталот „Прес 24“, на прашањето која е позицијата на Македонија во однос на гасоводот Турски тек, изјави дека нашиот став по овој проект е дека кога Брисел и Москва ќе постигнат договор за овој  проект, ние би се вклучиле во него. „Ние сме земја која е насочена кон евроатланската заедница, и при носење на одлуки од стратешко значење се водиме од оваа цел“, додал Груевски, кој во однос на другите планови на владата за донесување гас, објаснува, прво, ние го немаме искористено ни половина од сегашниот капацитет на користење гас од она што сега го имаме, и сеуште нема да го искористиме одкако ќе ја завршиме целата гасификација во земјата. „Значи на краток рок од 10 - тина години немаме некој сериозен проблем. Најголем проблем е високата цена на гасот, која ја наследивме од минатото, а која руската страна ја објаснува со ниските количини на користење на гас. Имено, во формирањето на цената на гасот, клучна улога игра количината. Ако набавувате помала количина, цената е повисока, и обратно. Сепак, за долгорочна енергетска сигурност или градење на гасни електрани, потребен е нов дотур на гас. Оттука, како што и неколкупати јавно изјавив, ориентирани сме кон три извори.Два од нив се преку градба на гасоводна цевка кон Грција каде би се приклучиле на нивниот гасовод, од каде би се поврзале со атинското пристаниште каде има дотур на течен гас, и на гасоводот ТАП, кој треба да почне да се гради од Азербејџан. За ова Грција лани објави дека дава согласност и работиме на креирање финсиска конструкција и други подготовки. Третиот извор е спојување со интерконективниот гасоводво Бугрија, кој е помеѓу Романија, Бугарија и Турција.За овој приклучок имаме начелна согласност од Бугарија, и се надеваме наскоро за ова да се потпише и меѓудржавен договор по што веднаш би тргнале во подготовки за инвестиција“, изјави Груевски. За Русија „Турски тек“ е причина за политичката криза во Македонија Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, тврди дека мотивите зад обидите за уривање на власта на Груевски се „неговото неприфаќање на санкциите кон Русија и интересот на Македонија да стане дел од гасоводот „Турски тек“. Според официјална Русија дестабилизацијата на Македонија е со цел да се спречи изградбата на гасоводот „Турски тек“ кој од Турција, преку Грција и „клучната точка“ Македонија би ја снабдувал Европа со руски гас. „Немам цврсти докази, но тоа е логичен сомнеж“, изјави Владимир Чижов, рускиот амбасадор во ЕУ за телевизијата Блумберг, коментирајќи ја изјавата на Лавров. „Доколку ја погледнете географијата во регионот, Македонија е најдоброто место за изградба на продолжението на најновиот енергетски инфраструктурен проект во регионот- Турски тек“, изјави Чижов. Но, сепак постојат и спротивни ставови од официјална Русија, а тоа е дека проектот неможе да стартува, заради неговата економска исплатливост. „‘Турски тек’ е многу неисплатлив проект. NPV (Net Present Value) на проектот се мери во негативна милијарда долари и по ниедна економска логика таков проект не треба да се реализира“, вели за Дојче Веле Никола Ќурчиски од Руската претседателска академија кој заедно со своите колеги во Москва ги правел пресметките за економската исплатливост на „Турски тек“. И.М

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип