Турските сорти ориз одлично „фаќаат“ на македонската почва
Објавено во: Агробизнис
28 Септември, 2013 19:45
Добивај вести на Viber
Проектот за пробното производство на турски сорти ориз во Кочанско покажа дека квалитетот на зрното е подобар, даваат поголем принос и порано зреат. Тоа значи дека разултатите се многу над очекуваното, оцени министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, при денешната посета во Кочани.
- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го прифати проектот на Турската агенција Тика и пролетва на површини под ориз од пет декари на Земјоделскиот институт се насеани 15 турски сорти ориз. Исто така на површините на 20 земјоделци во Кочанско се насеани пробни колични на турски сорти ориз -истакна министерот Димовски.
Тој додаде дека соработката ќе продолжи како проект и идната година и ако се потврдат очекувањата во приносите и квалитетот ќе продолжи производството.
Според него турскиот пазар е голем па оттука и пласманот на оризот ќе се реализира во целост и нема да треба како досега да бараме пазари за извоз.
Посетата на министерот Љупчо Димовски се реализира во рамки на стопанско културната манифестација Денови на Кочанскиот ориз.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?