Турција ги блокира социјалните мрежи и десетици онлајн медиуми
Објавено во: Балкан 06 Април, 2015 15:16
Турските власти уште еднаш го забранија пристапот до Twitter, Facebook и YouTube, овој пат - поради објавување на фотографии на земениот заложник обвинителот Мехмед Селин Кираз, кој подоцна почина поради повредите.
Трите популарни сајтови се само дел од долга листа со сајтови кои беа казнети и поради објавените фотографии.
Според информација на весникот Хуриет, попладнево им беше наредено на водечките интернет провајдери во Туција да го прекинат пристапот до вкупно 166 адреси. До мерката се дошло по судската одлука.
Турскиот претседател Реџеп Ердоган и премиерот Мехмет Давутоглу најавија дека нема да имаат никаква толеранција за нарушувањата на јавниот ред по смртта на Мехмед Кираз, кој беше киднапиран од крајнолевичарски радикали и доби 5 прострелни рани при обидот на властите да го ослободат.
Обвинителот работеше на случајот со 15-годишниот Беркин Елван кој падна во кома за време на антивладините протести од 2013 година и по 9 месеци почина. Момчето стана симбол на уличната борба против авторитарниот режим на Ердоган.
Неговата власт беше на стаклени нозе и од серија корупциски скандали.
Турскиот претседател тврди дека негов поранешен соработник се обидува да го компромитира и на неколку пати верификуваше за забрана на социјалните мрежи.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




