ТУРЦИЈА ГИ ВИКА ИНВЕСТИТОРИТЕ – „чистката“ е при крај
Објавено во: Балкан, Економија 26 Јули, 2016 10:36
Турскиот премиер Бинали Јилдирим најавил основање на повеќе милијарди долари вреден фонд за инфраструктура, кој би требало да го зачува економскиот раст.
Јилдирим во настојание да ги ограничи економските последици на неодамнешниот обид за воен удар, ја отфрли можноста за одржување на предвремени избори.
Турската национална валута лира, берзанските индекси и обврзници добиле на вредност, откако премиерот во едно интервју изјавил дека „чистката“ на оние кои наводно се вмешани во пучот е при крај, пренесе Блумберг.
„Ова е нашата порака до глобалните инвеститори: животот се враќа во нормална Турција“, изјавил Јилдирим вчера во Анкара. „Немало девалвирачки ефект“, порачал тој, додавајќи дека владата во Анкара е посветена на зачувување на силен економски раст.
Турскиот премиер најави и нов државен инвестиционен фонд, кој ќе биде вреден повеќе десетици милијарди долари и нема да го загрози зацртаниот низок буџетски дефицит.
Лирата зајакнала 0,8 отсто, на 3,0401 лири за долар, што е нејзин трет последователен ден на раст, додека индексот на Истанбулската берза БИСТ 100 бил меѓу најуспешните берзански индекси во светот, благодарение на скокот од 3,4 отсто.
Вредноста на акциите на Истанбулската берза, меѓутоа, уште е за десет отсто ниска во однос на периодот од пред пучот, додека лирата е во минус од 4,6 отсто.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




