ТУРЦИЈА ГО БЛОКИРАШЕ ВИКИЛИКС: Никој не може да ги види објавените документи!
Објавено во: Балкан 20 Јули, 2016
Турската Агенција за телекомуникации денеска го блокираше пристапот на сајтот на „Викиликс“ во таа земја, откако тој сајт го објави првиот дел од речиси 300 000 мејлови на владеачката турска партија АКП.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/07/20/shto-otkri-vikiliks-objavi-del-od-dokumentite-za-turtsija/" target="blank" ]ШТО ОТКРИ: Викиликс објави дел од документите за Турција[/button]
Во соопштението на турската Агенција се наведува дека против Викиликс е преземена административна мерка, пренесе Ројтерс.
Таа британска агенција наведува дека турските власти обично го користат тој израз кога блокираат пристап до некој сајт.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/wikileaks/status/755656535519457280?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Викиликс вчера и покрај хакерскиот напад кој го одложи објавувањето на документите за Турција, изнесе во јавноста прв дел од вкупно околу 300 000 мејлови и 500 000 документи на владеачката турска партија на правдата и развојот.
Мејловите датираат од 2010 година па до недела дена пред неуспешниот обид за воен пуч во Турција.
Во своето соопштение Викиликс наведува дека изворот на мејловите „ниту на кој начин не е поврзан со елементи кои стојат зад обидот на пуч или со некоја ривалска политичка партија или држава“, пресе Спутник.
Викиликс планирал да ги објави овие докумнети кон крајот на годината, но после обидот за пуч одлучил тоа да го направи порано.
Во пресрет на планираното објавување Викиликс тврди дека доживеал хакерски напад.
„Нашата инфраструктура се најде под непрекинат напад. Не сме сигурни кој е изворот на нападот, но тајмингот укажува дека група од турски државни структури, или нивни сојузници-се наведува на Твитер профилот на Викиликс.