29 Септември, 2024
0.0291

Турција ќе го развива „Турски тек“ од национални интереси

Објавено во: Економија 22 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Гасоводот „Турски тек“ е проект кој Турција ќе го развива од свои национални интереси, рекол министерот за енергетика и природни ресурси на земјата, Танер Јилдиз.

„Некои земји на ЕУ може да имаат свое мислење за тоа прашање, но Турција, имајќи ги предвид националните интереси, работи на проектот „Турски тек“. Кога се работи за нашите интереси стануваме внимателни и затоа „Турски тек“ ќе се развива. За тоа прашање продолжуваме да преговараме со Гаспром“, рекол Јилдиз пред новинарите во Измир.

Русија во почетокот на декември 2014 г. објави дека се откажува од проектот „Јужен тек“ кој требаше да оди по дното на Црното море и низ Бугарија да доставува гас до балканските земји, како и понатаму до Унгарија, Австрија и Италија. Проектот е откажан поради неконструктивниот став на Европската унија.

Во замена е одлучено да се гради гасовод во Турција (Турски тек), чија маршута во поголем дел ќе оди по дното на Црното море, по ист пат со претходно усогласена маршута на „Јужен тек“. Планирано е на границата со Грција да се изгради гасен центар за потрошувачите од Европа, објавија претходно руските медиуми.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија