29 Септември, 2024
0.0288

Турција работи напорно за создавање на исламска мега банка

Објавено во: Економија 20 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Турција, Индонезија и Исламската банка за развој ги зголемија напорите да создадат мега банка која ќе служи како централна банка за исламските кредитори. Ова го соопштил турскиот вицепремиер Али Бабаџан во време на економска средба во Турција, цитиран од весникот „Хуриет“. „Турција е подготвена да вложи 300 милиони долари од својот капитал за создавањето на банката“, изјавил тој за време на настанот и додал дека целта на Банката е да им помогне на исламските кредитори да управуваат со нивните парични текови. Новата банка, која треба да има и статус, сличен на оној на централна банка, исто така, може во иднина да вклучува и можности за инвестициското банкарство, додал тој. Бабаџан исто така изјавил дека „претставниците на Индонезија исто така ја покажале својата намера да го мобилизираат истото количество (300 милиони долари). Некои кредитни институции исто така, сакаат да се дел од банката“ и додал дека според него последната меѓународна финансиска криза покажала дека „бескаматните финансиски методи се многу посигурни, многу стабилни, многу посилни“. Вицепремиерот додал дека во моментов има 300 исламски финансиски институции во 75 земји низ светот.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија