ТУТУН БИЗНИС: Откупувачите ги намалија договорите во финишот на бербата!
Објавено во: Агробизнис 27 Октомври, 2015 08:27
Според тутунарите ваквите показатели се последица на ниските откупни цени и нереалната проценка на тутнот од страна на откупувачите.
-Од оваа реколта имам над 2.000 тутун со одличен квалитет. Површините со тутун секоја година се намалуваат. Ниската откупна цена е причината поради што тутунарите се помалку садат тутун, во нашето село некои и воопшто не посадоа тутун, тутунари кои со години ја саделе оваа култура, вели Џемал Назифовски, производител на тутун од крушевското село Алданци.
Според агроекспертите намалувањето на договорите за откуп на тутун е поради лошата реколта во 2014-та година, а помалиот извоз се должи на намалениот откуп на тутун.
-Што се однесува за помалиот број на склучени договори, тоа главно е резултат на лошата реколта во 2014 година. Климатските услови во таа година, главно прекумерните врнежи предизвикаа намален квалитет на тутунските листови и тоа се одрази и на просечната откупна цена која стварно беше пониска, што е нормална појава која сме ја имале во минатото пример (2003 година кога имаше слични услови цената беше околу 80 ден/кг и беше за 30 % пониска од реколта 2002).
По правило после лоша реколта настанува разочарување на производителите кои не склучуваат договори во наредната година или прават договори за помали површини. Ова особено се однесува за тутунџиите кои не се вистински во права смисла на зборот, односно имаат алтернатива во одгледување на други земјоделски култури, значи по автоматизам се намалуваат и површините под тутун.Откупувачите по своја процена на ситуацијата на меѓународниот пазар и побарувачката на ориенталскиот тутун прават помалку договори или/и договорите гласат на помали површини што беше случај за оваа реколтите 2014 и 2015. Повторно по автоматизам се намалуваат површините под тутун и откупените количества. За вредноста на извезениот тутун и неговото намалување има логично објаснување, по помал обем на откупен тутун и понизок квалитет нормално е да извозот да биде помал по вредност.
По однос на извозот на тутунските производи (тоа кај нас се исклучиво цигари), тие не се поврзани со падот во откупот на тутунот ниту пак со мерките од СЗО. За тоа постојат други причини, главно прераспределбата на пазарот помеѓу странските компании кај нас и во соседството, примената на ЦЕФТА правилата со некои соседни земји (Србија), влезот на Хрватска во ЕУ и соодветно на тоа и цигарите кои се увезуваат од Хрватска се речиси без царина и тоа врши дополнителен притисок на домашниот пазар, вели проф.д-р Златко Арсов од катедрата за специјално поледелство и тутун при Факултетот за земјоделски науки и храна.
Во Македонија, тутунот е една од стратешките извозно ориентирани гранки. Лани е ригистраран пад на вредноста и количината на извозот. Во 2014 година се извезени 24.720 тони тутун и преработки од тутун, што е намалување за 14% во однос на 2013 година. Вредноста на извозот на тутун и тутунски производи лани изнесувала 146 милиони долари, што помалку за 35% во однос на 2013 година, кога девизниот прилив бил над 180 милиони долари. Податоците покажуваат намалување и на увозот на тутун и тутунски производи.
Т.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





