05 Декември, 2025
0.3036

Тутунарите бараат зголемување на субвенцијата: Денеска на средба со Министерот Цветков!

Објавено во: Агробизнис 30 Декември, 2014 09:07

Добивај вести на Viber

Дел од тутунарите од прилепско и струмичко кои деновиве незадоволни од откупот протестираа, не отстапуваат од барањето за зголемување на субвенцијата од 60 денари за килограм тутун. Тие велат дека субвенцијата мора да се зголеми за да се амортизираат последиците од лошиот квалитетет на тутунот. По нивно барање денеска на средба ги повика министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Од Регионалниот синдикат на земјоделци велат дека тутунарите на откупните пунктови се соочуваат со манипулации во однос на проценката на класите на тутунот. -Тутунарите се свесни дека влагата годинава го уништи квалитетот на тутунот,и затоа за да се надомести штетата бараме субвенцијата од 60 денари да се зголеми на 90 денари за килограм. Ако се имаше добра стратегија може и немаше да дојде до оваа ситуација, откупот можеше да почне и порано на пример како што е според законот од 15-ти ноември заклучно со 25-декември. Така навреме ќе беше откупен и немаше да има толку влага како сега. На откупните пунктови, откупувачите манипулираат со класите, прва класа нема, и да е за прва го класифицира како втора или трета класа. Тутунот со повеќе влага се откупува по 15 до 16 денари за килограм. Сегашната просечна цена од 121 денар за килограм е нешто помеѓу трета и четврта класа, со таа цена неможе ниту трошоците да се покријат а да не зборам за приход. Затоа побаравме средба со министерот , да му кажаме како стојат работите на терен. Мислам дека кога временските услови се лоши како што беше годинава поради што потфрли квалитетот на тутунот, Влдата треба да им излезе во пресрет на тутунарите и да ја зголеми субвенцијата. И сметам ако веќе се држат до квалитетот како репер, тогаш треба и субвенциите да ги делат според квалитет, а не сите и оние што имаат квалитетен и тие со неквалитетен тутун да земаат иста субвенција, вели Ристо Велков, претседател на Регионалниот синдикат на земјоделци. Изминатиов викенд со едночасовна блокада на патот Струмица-Радовиш земјоделците од струмичко и радовишко  го изразија незадоволството од откупот на тутунот, а оовеќе од 2000 земјоделци го блокираа влезот на Прилеп. Тутунарите изјавија дека се револтирани од односно на откупувачите и ниските цени. Тутунарите се поделија И додека дел од тутунарите на терен протестираа, дел од нивните колеги тутунари кои се против протести, викендов во Скопје се сретнаа со министерот и откупувачите. Претседателот на Сојузот на тутунарски здруженија Данчо Милески по средбата со министерот изјави дека не знае кој и зошто протестира. Слична изјава даде и министерот. -Не знам кои се тие што протестираат, кое е тоа здружение, оваа информација прв пат ја слушам од медиумите.Но им стојам на располагање да дојдат на средбата и да видиме со кои проблеми се соочуваат, изјави викендов, министерот за земјоделство Михаил Цветков. Но министерот им порача на тутунарите што протестираа дека барањето за поголеми субвенции е неприфатливо, бидејќи токму субвенциите за тутунот биле највисоки и доколку се зголемат ќе има незадоволство кај другите земјоделци. На средбата се договорија откупувачите да ги информираат тутунарите кога планираат да им ја откупат целата договорена количина, за колку време да го вратат тутунот што има влага, а доколку тутунарите не се согласуваат со проценката за влагата во тутунот, да ја известат второстепната комисија. Досега се откупени околу 3.300 тони тутун по просечна цена од 121 денар за килограм. Годнешната реколта тежи околу 30.000 тони, што е за 5.000 тони повеќе од првично предвиденото производство.Министерот Цветков уверува дека вишокот тутун ќе се откупи. Тој изјави дека е договорено до крајот на јануари тутунарите што ќе го предаваат тутунот освен договореното количество да го пријават и вишокот. Откако ќе се добијат податоците кој тутунар колку вишок тутун има, ќе биде познато и која компанија колку вишок тутун може да откупи. Во март годинава откако откупувачите не сакаа да го откупат целото производство од 2013-та година, тутунарите, откупувачите и Владата најдоа формула како да се реши кризата во тутунопроизводството. Се договорија производството на тутун од годинешната реколта да се намали за 17 отсто намалено. Како причина за намалувањето на количините за откуп на тутун беше посочено намалената побарувачка за суров тутун на светско ниво како и препораките на Светската здравствена организација за намалување на површините со тутун на светско ниво. Но владините политики во изминативе години, почнувајќи од висината на субвенцијата едно евро за килограм откупен тутун и најбрза исплата, ги мотивираа земјоделците од година во година да ги зголемуваат површините, па дури во тутунопроизводство влегуваа и земјоделци кои претходно одгледувале други култури. Сето тоа доведе до зголемување на површините и производството на тутун. Вкупното производство во 2008 година изнесувало 17.056 тони, а лани  32.000 тони, што беше најголемото производство во последните 10 години. Годишниот девизниот прилив од извозот на тутун и тутунски производи изнесува околу 100 милиони долари. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?