Тутунарите денеска ќе ги „преплават“ банките
Објавено во: Агробизнис 23 Мај, 2018 10:57
Денеска ќе се исплатат 235 милиони денари или близу 3,9 милиони евра субвенции за тутунот од реколтата 2017, на 3.828 тутунопроизводители. Оваа сума е дел од преостанатите 20 отсто за исплата на субвенциите за тутунот. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги обработува решенијата за преостанатите субвенции за тутунот, и се очекува исплатата комплетно да заврши во текот на следната недела.
Минатата недела се исплатија 22 милиони евра или околу 80 отсто од вкупната сума за исплата на субвенции за тутунот, на 20.880 тутунари. Сумирано со денешната исплата, досега се исплатени близу 26 милиони евра за субвенции за тутунот од реколтата 2017 за 24.708 тутунари.
Тутунарите добија зголемени субвенции за тутунот, односно според новиот модел на субвенцирање со кој субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари за килограм, за втора класа 70 денари, а за трета,четврта и дополнителните класи субвенцијата изнесува 60 денари за килограм. Целта на новиот модел на зголемено субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција
Оваа година се постигна највисока просечна цена за тутунот од 217,6 денари за килограм.
Тутунопроизводството е значајна гранка за македонското земјоделство, која што носи девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно. Во насока на создавање поволни услови и поттикнување развој на оваа култура, МЗШВ го најавува и новиот закон за тутун, кој е во финална фаза. Со него се предвидува укинување на поднесувањето евидентни листови, со што значително се олеснуваат адмнистративните процедури.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





