05 Декември, 2025
0.0411

Тутунот поскап од лани, просечната цена 177 денари по килограм

Објавено во: Агробизнис 05 Јануари, 2013 20:30

Добивај вести на Viber

Од планираните 25 илјади тони досега откупени се над 20 илјади тони со просечна цена од 177 дена за килограм, информираше денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

За време на неговата посета на струмичките откупни пунктови, каде тутунарите ја предаваа ланската реколта тој рече дека е задоволен од проселната цена која за 15% е повисока од ланските 154 денари по килограм тутун.

„Министерството будно ќе го следи откупот на тутнот, се со цел да се почитуваат договорените обврски и да им се исплати маката на тутунарите. Производството на тутун има свое економско, но и свое социјално значење во Македонија. Околу 22 отсто од земјоделците се посветени на одгледување на нашиот ориентален тутун, чиј извоз претставува 3,2 отсто од бруто домашниот производ на државата“, изјави Коњановски.

Во делот на исплата, Коњановски посочи дека е задоволен и редовноста и од запазувањето на рокот од петнаесет дена за исплата од страна на откупните претпријатија.

„Што се однесува до субвенциите за предадениот тутун, Владата и годинава ќе ги испочитува законските норми и ќе изврши исплата на субвенциите во законски утврдениот рок“, рече Коњановски.

Инаку како што информираа од здружението на тутнопроизводители од Струмица, досега се  откупени над 2 милиони килограми тутун кој важи за висококвалитен.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?