20 Декември, 2025
0.1400

Тутунски комбинат Прилеп годинава одбележува 150 години постоење

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2023 11:05

Добивај вести на Viber

Тутунски комбинат Прилеп, најстарата активна македонска компанија и една од најстарите на Балканот, годинава одбележува голем јубилеј – 150 години постоење.  Формиран 1873 година кога бил изграден првиот магацин за тутун во Прилеп од страна на Отоманската управа на монополот, Комбинатотдоживеал големи промени, подеми и падови, но успеал да ги помине сите премрежија и да опстои со својата дејност.

ТКП од фoрмирањето се занимавалисклучиво со откуп и обработка на висококвалитетен ориентален тутун од типовите „прилеп“  и негова продажба на познати светски компании. Ова била примарна дејност со децении, односно сé до 1955 година од кога Комбинатот навлегол во бизнисот со производство на цигари.

Потенцијалот на ТКП беше препознат од светскиот гигант во тутунската индустрија Филип Морис Интернешнел (ФМИ) со кого во 2014 година е склучено стратешко партнерство и е формирана заедничка компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) и претставува спој на традицијата и експертизата на двата ентитети. Партнерството со Филип Морис Интернешнл придонесе да се почне со модернизација на производството.

По две децении поминати на листата на најголеми загубари, ТКП за првпат покажа позитивни резултати 2019 година, а со успешна работа продолжи и следните години. Комбинатот ја заврши и претходната, 2022-ра година, со позитивни финансиски резултати од над 2 милиони евра. Ваквите резултати значат дека друштвото ги исполнува планираните параметри, со тенденција да се продолжи со исто темпо и во наредните години.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии