14 Мај, 2024
0.0297

Тутунскиот гигант „Philip Morris“ изгуби спор за пакување на цигари во Австралија

Објавено во: Свет 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Тутунски гигант Филип Морис мора да и плати на австралиската влада милиони долари, откако безуспешно се обиде да ја тужи државата поради законот кој се однесува на пакувањето на тутунските производи, јавува BBC.

Во Австралија во 2012 година е донесен закон според кој сите тутунски производи мора да имаат исти обележја без видливо истакнат бренд, и истакнати здравствени предупредувања, што Филип Морис по судски пат се обидел да го отстрани, но во 2015 година го изгубиле спорот и сега мора да ги платат судските трошоци.

Точниот износ го одредил меѓународниот Постојан арбитражен суд  (PCA), а наводно изнесува 50 милиони австралиски долари.

Во мај, Светската трговска организација (СТО) утврди дека австралискиот закон е легитимна здравствена мерка, што значи дека, најверојатно, ќе биде усвоен и во други земји.

Откако е воведен законот и претставена новата обврска за означување на тутунски производи, Philip Morris, Imperial Tobacco и Japan Tobacco се жалеле на австралискиот суд.

Откако не успеала жалбата, Филип Морис се обратил до арбитражниот суд со аргумент дека законот не во согласност со Договорот за билатерални вложувања во Австралија и Хонг Конг.

Судот го отфрли случајот на компанијата нарекувајќи го „злоупотреба на правата“, а од Филип Морис изјавиле дека правните трошоци се неразумно високи споредувајќи ги со слични случаи во Канада и во САД, каде што изнесуваат 4,5 односно 3 милиони евра.

Откако Австралија го воведе овој закон, слични политики се воведуваат и во другите земји.

Можеби ќе ве интересира

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!