04 Ноември, 2024
0.0248

Тузланските работници имаат официјални барања до функционерите – намалете си ги платите!

Објавено во: Балкан 08 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Незадоволните работници од Тузла, кои ги започнаа големите социјални немири во нивната земја, на Фејсбук ги објавија нивните барања. Со прогласот, кој пишува дека го донеле работниците и граѓаните на тузланскиот кантон, се бара изградба на „продуктивен и корисен систам на власт“. Меѓудруго, тие бараат: 1.Одржување на јавниот ред и мир во соработка меѓу граѓаните, полицијата и цивината заштита за да се спречи секаква манипулација и злоупотреба на протестите во криминални цели. 2. Формирање на техничка влада, составена од експертски, непартиски и некомпромитирани членови, кои досега немале нитуе еден мандат во ниту едно ниво на власта. Таа влада би го водела тузланскиот кантон до нови избори годинава, со оглед на тоа што актуелната кантонална влада во Тузла поднесе оставка во екот на протестите. Новата, техничка влада, според демонстрантите ќе има обврска да поднесува неделни планови и извештаи за работата и да ги оствари зададените цели. Освен ова, се бара изедначување на платите на претставниците во власта со платите на вработените во јавниот и приватниот сектор, укинување на апанажите за министрите и другите државни службеници по истекот или престанокот на мандатот, укинување на сите дополнителни плаќања за функционерите. Сите барања можете да ги прочитате на Фејсбук страницата „50.000 луѓе на улица за подобро утре“, која стана официјална страница на социјалните мрежи на организаторите на протестите. Нови немири денеска има во Бихаќ, каде што 2.000 демонстранти со камења одново се судрија со полициските сили, а потоа се упатија кон домот на премиерот на Унско-аанскиот кантон Хамдија Липовача за од него да побараат оставка. Во последните неколку дена имаше шпекулации дека Липовача ја напуштил земјата, но тој се огласил преку Фејсбук со уверување дека се наоѓа во Бихаќ. Обиди да се организира протест имало и во Мостар, но полицијата не го дозволила собирот. Во меѓувреме, во Босна и Херцеговина се посилни се апелите за смирување на ситуацијата, по протестите кои оставија пустош на улиците на поголемите градови. Невладината организација „Гариво“, која ја предводи Светлана Броз, внука на Јосип Броз Тито, го обвини министерот за безбедност Фахрудин Радончиќ дека ја „пасивизирал полицијата за да собере ситни политички поени и на тој начин полициските сили не можеле да ја заштитат од палење зградата на Претседателството на БиХ и Државниот архив“.   Ovaj Proglas donose radnici i građani Tuzlanskog kantona, za dobro svih nas.   Sve zahtjeve prosvjednika iz Tuzle možete pročitati ovdje.   Apelima za smirivanje stanja u subotu su se pridružile brojne nevladine organizacije u BiH.   Ističući razumijevanje za nezadovoljstvo osiromašenih građana uglavnom navode kako nema opravdanja za rušilačke pohode zabilježene u petak.   Nevladina udruga 'Gariwo' koju vodi Svetlana Broz, unuka Josipa Broza Tita, prva je izravno optužila ministra sigurnosti BiH Fahrudina Radončića da snosi odgovornost za masovne nerede i paljevine 'jer je pasivizirao policiju' pokušavajući steći političke poene.   'Radi se o najgorem političkom populizmu koji je primjenjivao Slobodan Milošević', drže u ovoj organizaciji pozivajući na Radončićevu ostavku s obzirom da je svjesno pasivizirao policiju koja nije uspjela zaštititi ni zgradu Predsjedništva BiH i Arhiv BiH. (Hina/ I.D.)   DNEV

Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ СЕ ПРИБЛИЖУВААТ: Целата зграда на Железничката станица во Нови Сад може да се урне?

ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ СЕ ПРИБЛИЖУВААТ: Целата зграда на Железничката станица во Нови Сад може да се урне?

СИН НА ЗАГИНАТ ВО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД: Го препознав татко ми по часовникот

СИН НА ЗАГИНАТ ВО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД: Го препознав татко ми по часовникот

„ПАДНА“ И ПРВАТА ОСТАВКА ВО СРБИЈА: Весиќ се повлекува поради несреќата која се случи во Нови Сад

„ПАДНА“ И ПРВАТА ОСТАВКА ВО СРБИЈА: Весиќ се повлекува поради несреќата која се случи во Нови Сад

ГРЦИТЕ ГО ОПОМЕНУВААТ РАМА: Патот на Албанија кон Европа поминува преку Грција

ГРЦИТЕ ГО ОПОМЕНУВААТ РАМА: Патот на Албанија кон Европа поминува преку Грција

РАМА ВО СОЛУН: Вети дека Албанците ќе го учат албанскиот јазик

РАМА ВО СОЛУН: Вети дека Албанците ќе го учат албанскиот јазик

ЕВЕ ДО КАДЕ Е ПАТОТ ЕЛБАСАН-ЌАФАСАН: Еди Рама се пофали на Фејсбук

ЕВЕ ДО КАДЕ Е ПАТОТ ЕЛБАСАН-ЌАФАСАН: Еди Рама се пофали на Фејсбук

Тинејџер доби притвор за лажни дојави за бомби во осум сараевски училишта

Тинејџер доби притвор за лажни дојави за бомби во осум сараевски училишта

ЕВЕ КОЈ СТОИ ЗАД УНГАРСКАТА КОМПАНИЈА КОЈА ГИ НАДГЛЕДУВАШЕ РАБОТИТЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА: Истите тие работат и на Националниот стадион во Србија

ЕВЕ КОЈ СТОИ ЗАД УНГАРСКАТА КОМПАНИЈА КОЈА ГИ НАДГЛЕДУВАШЕ РАБОТИТЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА: Истите тие работат и на Националниот стадион во Србија

МРТВА ТИШИНА, СЕ ПОВЛЕЧЕ И ПОЛИЦИЈАТА: Завршени се истрагите на Железничката станица во Нови Сад, сослушани се 26 лица

МРТВА ТИШИНА, СЕ ПОВЛЕЧЕ И ПОЛИЦИЈАТА: Завршени се истрагите на Железничката станица во Нови Сад, сослушани се 26 лица